Драги
Не сфаќам одреден, голем дел од анти-геј настроенава популација.
* Мразат хомосексуалци затоа што премногу се величени низ историјата како писатели, уметници, научници, инвентори - Во дадена друга тема/дискусија ги величат истите со нивните придонеси или работи што ги кажале ги постираат како цитати.
* Мразат хомосексуалци зошто ја окупирале современата музика или носат drag костуми - Ги гледаш како во нивниот вкус лесно влегле и станале фаворити Queen, Cher, David Bowie, Justice, Empire of the Sun, Pet Shop Boys, Take That! итн. Изгледа фората овде е пу-пу не важи.
* Мразат хомосексуалци зошто се феминизирани и / или создаваат бледа слика за кој/а каков пол е - Гледаат anime или читаат манга, каде често не разликуваш машко од женско, и сите се со феминизиран вкус и изглед, и андрогенизирани до коска.
Изгледа хипокризијата е новиот хипстер-тренд. Да се тера мода или не? That is the (rhetorical) question.