Dear K
младинава му се нафрлила на Анчо оти не бил во тренд. Јас до негде ги разбирам, дома се расправаат со Анчовци секој ден па им е прекиснато од истите муабети, ама дома ако мрчат ќе јадат заушки или нема пари за излегување, па ја решаваат работата храбро преку тастатура. И се е така убаво што се млади и зелени и што мислат дека форумов не е за постари. Оти немале време да размислат дека единствена причина што на форумов нема многу постари луѓе не се годините туку јазот помеѓу постарата генерација и новите технологии. Информациските знаења на постарите генерации во главно се сведуваат на стискање лајк на слика од Семе Синапово и како такви, форумов за нив е научна фантастика. Знам дека младите зелени мислат дека утре-задутре ќе се мажат/женат, фамилија, деца, работа... и нема повеќе да пишуваат на форуми. Или дека самите години ќе ги откажат од форум. Малку знаат младите зелени дека се навлечени на системот. Поверојатно е дека ќе дојде тој ден кога на форумов ќе врие од теми на кои ќе се пишуваат муабети како:
- @dragonsky, тебе ли те видов сабајле на геријатрија или ми се причини бе машко?
Таму бев @Бене, ама не те вдов добр со видоот иам макаа... И @Деко беше со мее...
- Не го видов @Деко...
Не си го пзнал, брада пуштил затоа...
Значи, нема бегање. Подобро нека се стегнат.