Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
Треба во 7 да станам а не ми се спиет ич.
Па така ќе поседам уште малку.
И да ти кажам дека една случка скроз ми го расипа расположението последниве два дена...
Уште нешто ќе ти кажував ама забораив -.-
Биди ми поздравена :pipi:
 
д.
џабе одев денеска на школо :nesvest:
добро е што бевме 2ра смена, инаку немаше да ми се исплати да станувам рано за еден час. ќе требаше да отерам се у п.м.уште првиот ден.
инаку нетов конечно престана да кочи, па така да ќе можам да правам се што ќе посакам.

ај приВатно :back:
п.с. многу драстични промени со времево бе. ќе видиш сега кога ќе фатат грипови да косат се по улица.

п.п.с. замрзнав
 
ДК,
да знаеш дека:
Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни
тутуни жолти отрови...


утре ме чека потежок ден...

ќе заборавев да ти кажам: нели за тоа новото Веро :)
нејсе:
гужви, мамемуебам, многу, сме чекале на каса кај џамбото едно пола саат додека стигнеме на ред, а имаше 11 каси :tapp:
Бавни тоа операторките, како без обука да се примени на работа :)
и ќесите не ми се свиѓаат, па у Македонија сме мамумуебам, нека користат ќеси испишани на македонски.... епа немавме време за да го исшетаме, големо е, ќе видиш.
ајт, ојдоф. :back:
 
Ди Кеј,
Тука сум.
Се распишав по темите, ти се одолжив.
Сега биди ми поздравена.

Чао.
 
Драга,

Уаааау ама убаво временценце. Мх, мх, мх само за шеткање е. Шетам по град и само наидувам на прегрнати парови, дечкото си ја топли девојката бе! И јас си добивам виртуелни гушки бе по мсн од мојот....Само некако слабо топлат зашо денес настинав, па вечерва се предозирав со топол чај и лимон. Ајде уште малку и ке си дојде :back:
Ајде не ти се жалам, цело лето чекав вакво да биде:)
Тебе гледам ти се вратил најредовниот член така да ваљда више мене нема ни да ме читаш....

Ајт така!
 
Јас се изгубив скроз на скроз. После патувањето, еден ден на прсти ги избројав луѓето што вистински ме познаваат. Следниот ден сфатив дека, јас сум виновникот за тоа што другите, за кои немав прст, не ме познаваат. Како и да е, кругот не е баш голем. Јас само барам да е искрен.
Друго, пак сум под притисок...а мразам кога сум така.

Оној чуден страв ме обзема се почесто.

Ах...
 
Овој филипроналдо ако сакаш да го видиш, качи се во двојкана у 12 и пољ шо е. Нема утка.

Иначе, глеам она интересно е со нови работи во септември.
Примам предлози (не ти е половиот орган предлог) за интересни работи да ги праам месецов.
Само глеј да биде економски прифатливо, зашо скокање со падобран или ловење на ирвасите на Дедо Мраз не е баш ефтина работа.
Друго шо да ти кажам, слушнато е веќе...
 
Почна да мириса на есен, уште малку ќе се затвориме зад прозорците и ќе блееме кон небото. Е лето мое, есента е време за тага, макар што до неа има уште некои 20 дена. Чудно влијае тоа годишно време, дожд лее од секаде и постојано, со капутчиња на себе по дифолт се потсетуваме на минати времиња. Можеби зашто летото не тера да бидеме повеќе опкружени со другите и одеднаш сме затворени сами со себе, па ќе почнат да не притискаат пропуштените шанси и луѓе или она на што воопшто не сме му ни дале шанса. Епа сме заслужиле, се што не сме виделе, а можело да биде добро за нас убаво ни возвратило ако може да ни мафта од минатото со прашањето: Што Ако...? А уште полошо е ако прогледате предоцна па се запршате..Дали тоа јас не сфатив на време? Е драги мои времето е менлива категорија, пукни со прстите и се исчезнало за миг. И ако може еден совет во доцните вечерни часови...Заборавете на дрскоста...кон било кого ,особено ако човек има наклонетост кон вас, да не ве удри бумеранг па да не знаете што ве снашло. Бре што е удобен мазохизмот кон себеси, ко да земаш дрога од која нема одвикнување...и коски те болат ако не те заболи уште еднаш. Контрадикторност до бесконечност. Убаво си кажа Ајнштајн, глупоста е вечна. Во име на тоа, нека ни е на здравје.
Слушам 19 годишни деца стапуваат во брак.
Слушам луѓе кои се жалат од бракови.
Слушам луѓе кои се жалат од нефункционални врски.
Слушам за прељуби.
Се отишло по ѓаволите и ако ни е. Ќе дојде есен драги мои либерали и ќе се сетите на своите грешки. Каде ќе бегате тогаш од самите себе?
Фреди Меркјури испеа вака: Whatever happens, I'll leave it all to chance
Another heartache - another failed romance

Се се остава на она што следува само по себе, ама ако силуваш шанси ќе си лежиш во осаменички затвор. Бујрум.
 
Уште си неам легнато.
А да ме прашаш зошто - ни сам не знам.
За ќотек сум.
Мња.
 
ДраКа


Почна со школово,и жив чоек нема на мсн или фејсбук,нема со кој муабет да се праи...
Годинава глаа ќе ми прсне од филозофии,бизниси и економии,по 2-3 часа неделно иам од тие срања ( влагам у филм дека ќе учам )...
Као ќе издржам месецов да не киднам од час незнам....
 
Драгаааа ит ис сооо коулд :pop: сакам на парти Кеј, ајде со мене :) :)
 
Драга,,,значи изнервиран до даска,значи стварно не сум верувал дека има толку прост народ на овој свет.Утре или ќе се поправи или летаат боксови
 
Драга,
Им се извинувам на сите комшии и случајни минувачи за малата попладневна музика и концертот што го одржувам. Расположење је на нивоу, ми се пее :pipi:
Го направив потегот на годината, ако не и деценијата! Си ги заглавив прстите во поштенско сандаче! Беше еден од оние "Ја ако сум глуп... сум и мутав" моменти. Посегнав да си ја извадам сметката за мобилен, и оп-не сака назад! Во секунда ми текна да му свртам на татко ми, кај него е клучот од сандачето (као тоа да ќе помогнеше), па ми текна дека ќе му треба најмалце пола саат да стигне до дома, а во тек на тие пола саат може да се појави некој од комшиите и да ме пријави после за "д спешл олимпикс" и решив сад ил никад! Ќе тегнам! Ми се сренда кожата на показалецот и средниот прст, I'm castrated! Ама барем никој не ме виде, ако ништо друго. :kesa:Единствен сведок за брилијантниов потег се евентуално крвавите траги по скали, ми се растече крв насекаде :nesum: После изиграв еден индијански плес низ дома кога си ставив од средството за дезинфекција (дезинсекција и дератизација), си залепив фластер преку цел среден прст и пола показалец и се вратив на пеење, пошто уствари се имав симнато до банката да си земам непланирани пари што ми се појавиле на сметка and that made me go :je:
До вероно не отидов, чекам да се расчисти малце гужвата па да си ги потрошам париве :pipi:
Го чекам вториот уписен рок да заврши и да почнам да учам! Еј! Одвај чекам! Ќе одам утре да си купам тетратки, како прваче!
Ај идам да си довршам певање.
Знам дека многу убаво пеам, фала.
И јас тебе.
Ај Ч!
Н.
 
Драга, добро бе
биваше ли уште од 2-ри септември да фатат 7 часа да го тупат со предавања :nesvest::tapp: Па не се нормални мајке ми ... остај тоа сабајле се успав -.-' сум срушила рекорд за спремање,за три и пол минути бев готова и тргнав да ме носи татко ми во школо,остај што ќе каснев ама кај Стево :vozbud: па ќе ме иселеше одма :pipi:
Ми се спие ми се плаче,а треба веќе да седнам да читнам тоа што предадоа....аааааах. ќе попукам -.-
ајт ззз! :salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom