H
HITCH
Гостин
Ех драга, драга...
Драга Кајги,
Од кај да почнам со убавиниве?! Како што ти се пофалив пред некој ден си најдов поклонче за роденден. Ех, сега колку е поклонче или поклониште е дискутабилно
. Средна цена е, не е фул опрема, ама има се` што ми треба. Доволно ми е, додуша има и нешто повеќе... Ма, го има баш она што ми треба!!! Ние сме создадени една за друга! Има само еден проблем - бојата. Сакам црна, ама изгледа премногу мафијашка брееее. Можеби аздисувам, ама не сум баш сигурна каква боја сакам. Значи за роденден си имам топ поклон и едвај чекам да ја прошетам. Планот за шеткање останува дури и ќе додадеме нешто.
Има премногу нови моменти, премногу. Значи се случија многу работи, некои добри, а некои и не се баш пријатни, ама мора да има и такви. Почнав да работам на нешто огромно, за кое треба многу време, значи треба многу работa, премногу труд, ама ќе биде супер.Знам дека ќе биде супер, осеќам. Секогаш кога душата ќе ми затрепери за некоја работа знам дека тоа е тоа. Го имав тоа прекрасно чувство. До сега срцето не ме изневерило, знам дека нема ни сега, верувам премногу во оваа работа, во овој проект. Треба да се иде и надвор за да се реализира сето ова, па ќе видиме. Треба време да помине дури дојде до шеткање, ама важно е дека ќе биде нешто гоолемо, нешто преубаво. Драга, се` е толку прекрасно! Иако сум жива ненаспана, се чувствувам прекрасно, ама ептен прекрасно. Мислам дека можам со еден мал чекор да стигнам до месечината. Толку среќна не сум била одамна. Се радувам како мало дете. Првичниот план беше накит, комплет, ми рекоа да си разгледам на нет или низ град, па што ќе ми се бендиса тоа. Јас, немој да ме сфатиш погрешно, навистина го сакав тоа и си помислив... охохоооооо супер... ама од тоа супер имало и нешто поубаво. Сега си направив друга математика. Јас ќе си го купам првиот поклон, моите ова и крај, ја наредивме хах.
Драга, сега сфатив дека не можам да ги променам некои работи и се помирив со тоа. Знам дека треба да држам лутина, ама едноставно не можам. Јас не сум таква личност. Само им попуштам на луѓето, а тие само земаат, ама ако... Искрено сакав да научам да терам инат до крај и да бидам лута, ама неуспешно. Сфатив дека не ме води никаде, плус мене ми трае само еден ден. Не знам да ги отпишам некои луѓе, ма не некои, туку никои. Знам, ова звучи страшно, ќе ме малтретираат уште повеќе, ама тоа е. Добро е што не ставам се` на срце, па ќе ми помине. Сакам да се променам, но не можам, не сум таков ков. Има луѓе кои можат да истраат во лутината, понекогаш си викам блазе си им. Камо јас да бидам бар малку `ко нив, бар малкуцка, не мора многу само малку, ама...
Некои работи премногу ме повредија, бидна, лекција за друг пат. Иако ова е не е докрај научена лекција, сепак е лекција. Следниот пат нема да можам да се одбранам, пак ќе се зезнам вака, ама барем ќе знам каде води сето ова. Ќе знам дека не треба да се нервирам. Па, можеби ќе огуглам и ќе ми биде полесно, кој знае?! А, можеби ќе реагирам исто... Драга Кајги, колку и да ме повредуваат луѓето јас пак ќе си ги сакам, и тоа со цело срце. Понекогаш и јас ги нервирам, ама никогаш тоа не го правам со намера. Јас сум малку побрза, поимпулсивна па можеби и затоа несакајќи ги повредувам, ама секогаш кога треба се извинувам, си ја признавам грешката. Синоќа си размислував за многу работи, имав доста време. Цела ноќ не спиев си мислев за себе... за иднината... Синоќа ми текна дека погрешив на едно место, сакам да го поправам тоа нешто, не е голема грешка, многу мала е, ама сепак е грешка. Драга, денес на сите што ми значат им кажав дека ги сакам, да си знаат.
Времево е прекрасно, ако е свежо, тамам ми е за да се радувам. Ми треба уште една работа за мојата среќа да биде комплетна. Морам да дипломирам, крајно време е... Доста ме мрзеше да го средам тој товар. Одморив доволно, наполнив батерии, еве и работата тргна, ајде уште ова и после... после ќе следуваат уште поубави работи!
Драга само што ми се јавија со нови информации за проектов. Многу сум среќна! Дури очите ми се насолзија од радост. Премногу сум чувствителна, ама не можам да се воздржам, таква сум. Конечно дојде преубавиот период кој го чекав подолго време. Точката во темницата испадна навистина крајот на тунелот, не сум го погрешила патот, сега треба само да го изодам најубавиот дел, најслаткиот дел.
Аааааах колку прекрасен период...
п.с. ооооооооф каков ден, пасошот ми бил готов
уууф што ли недостасува за овој ден да биде уште поубав?!