Драга Кајгана
Дојде и помина првиот училишен ден. Добар старт на учебната година. Осмо одделение, најголеми во школо

Единственикот учебник што почнав да си го читам е по граѓанско! Политиката е уште на почеток, јес!

Власт, држава и политика, политички партии во Македонија ...!

Едно големо МИ СЕ ДОПАЃА! Абе имам загарантирана 5ка, јас сум специјалист за политика
Со децата се поздравивме, со класниот раководител се поздравивме, ни дадоа учебници ..
Се беше супер, ама кога помислувам на 9 месеци учење, ми се врти во глава :icon_conf
Ок, се тешам со граѓанско, мојот омилен предмет

се тешам со историја и физика.
Граѓанско како што ти кажав, ќе учиме за политиката. Пратеници, опозиција, собрание, влада, претседател, суд ...
Најдов и друга маана на школото. Јас можам да учам, ама зошто бре да си легнувам во 12 саат, кога можам во 3 - 4

Како да се исклучам од фејсбук? Како да се исклучам од форумите? Како да го исклучам блогот? Како да се исклучам од мсн? скајп? -.-

Ама ќе мора, јбг.
Тоа е тоа за денес, ќе ти пишам пак попосле или утре после училиште
