Ооооо хепи деј!
Драга Кајги,
Јебеш га не е секогаш се `ко што треба. Мора нешто да се зезне. Демек гости ќе има па ќе нема. Демек ќе врне, па нема да врне.
Ееее знаеш што?! Гајле ми е, ќе си играм и јас контра, не знам како, ама ќе научам. Кога може сите да тераат инат и јас ќе можам. Штом ќе му кажеш на некого да те чека, тогаш треба да се појавиш бар на 2 минути. Во целата гунгула средував и на крај еј сори, ама јас, знаеш... Ма сега јас да ти кажам: ф.. ју ол!
На луѓе што ги сакам не им терам инат, ама секси, ти си сега од другата страна, од непријатната страна. Пријатен пат до п.м. Јас само што се вратив, а сите вие инаетџии ме пративте таму. Новодојдените прават журка, поседи малку интересно ќе ти биде и онака овде не те чека никој. Не го знаеш патот?! И јас не го знаев, ама некако пошто сите ми идете контра го научив. Ме повредувате `ко да сум ви најголем душман. Смачено ми е да ме праќате у п.м. на културен начин, јасно ми е колку е саат. Кажи си искрено што имаш, не ме врти.
Драга Кајги, кој ми тера инат нека си тера сам на себе, со мене доста беше играње. Да ме зезне вака?! Па, немој мала да мислиш дека цело време ќе бидеш на тронот. Мислиш дека нема да можам да ти се лутам? Плавушо, само гледај... Смачено ми е да ти кревам его, најди си некоја друга будала сега. Ти си плавуша, а се знае дека твојата сорта е без памет. Навистина се трудев, доста ми е! Имам и јас црвена линија. Факт, дека мојата црвена линија е многу далеку, ама жалам што ти се сретна со неа. Ти кажав дека си блиску, те предупредив, а ти пак по старо.
Знаеш дека сум попустлива и како го искористи сето тоа, за мерак. Веројатно мислиш штом попуштам дека сум глупава. НЕ, не сум, туку премногу шанси им давам на луѓето и затоа ми тераат после инат и со тоа ме повредуваат. Да Мао тоа ме повредува. На луѓето што ги сакаш и што ти значат не им тераш инат, туку седнуваш и им кажуваш што ти смета, ама ти не.... Ти отиде кај таа рошавата и после ми кажуваш јас не сум у право?! Нормална ли си ма? Хах уживкај си со новата другарка мене ми е преку глава од правдање.
Веќе не му се правдам на никому. Штом не знаете да ме почитувате гит! Не ме заслужувате! :salut:
п.с. пак треба да се иде по лекари у пичку матер веќе. Навистина не можам да идам таму!!!!! Смачено ми е и од тоа.
п.п.с. лелееее за 28 дена ќе полнам 27

треба да си го купам поклонот со време :smir: