Почна да мириса на есен, уште малку ќе се затвориме зад прозорците и ќе блееме кон небото. Е лето мое, есента е време за тага, макар што до неа има уште некои 20 дена. Чудно влијае тоа годишно време, дожд лее од секаде и постојано, со капутчиња на себе по дифолт се потсетуваме на минати времиња. Можеби зашто летото не тера да бидеме повеќе опкружени со другите и одеднаш сме затворени сами со себе, па ќе почнат да не притискаат пропуштените шанси и луѓе или она на што воопшто не сме му ни дале шанса. Епа сме заслужиле, се што не сме виделе, а можело да биде добро за нас убаво ни возвратило ако може да ни мафта од минатото со прашањето: Што Ако...? А уште полошо е ако прогледате предоцна па се запршате..Дали тоа јас не сфатив на време? Е драги мои времето е менлива категорија, пукни со прстите и се исчезнало за миг. И ако може еден совет во доцните вечерни часови...Заборавете на дрскоста...кон било кого ,особено ако човек има наклонетост кон вас, да не ве удри бумеранг па да не знаете што ве снашло. Бре што е удобен мазохизмот кон себеси, ко да земаш дрога од која нема одвикнување...и коски те болат ако не те заболи уште еднаш. Контрадикторност до бесконечност. Убаво си кажа Ајнштајн, глупоста е вечна. Во име на тоа, нека ни е на здравје.
Слушам 19 годишни деца стапуваат во брак.
Слушам луѓе кои се жалат од бракови.
Слушам луѓе кои се жалат од нефункционални врски.
Слушам за прељуби.
Се отишло по ѓаволите и ако ни е. Ќе дојде есен драги мои либерали и ќе се сетите на своите грешки. Каде ќе бегате тогаш од самите себе?
Фреди Меркјури испеа вака: Whatever happens, I'll leave it all to chance
Another heartache - another failed romance
Се се остава на она што следува само по себе, ама ако силуваш шанси ќе си лежиш во осаменички затвор. Бујрум.