Баљум, баљум
сонлив град без кутре ( :
Драга Кајги,
Само што се прибрав, рикнав денес! Премногу се смеев, ама другите се смееа повеќе од мене, многу повеќе. Што да правам кога сум убаво расположена... Сабајле тато ми рече дека приметил нешто кај мене што не му се допаѓало. Цел ден се чудев што е тоа, ја завршив работата што ја имав, (патем ова значи огромно напредување) ама нешто ме копкаше... што ли приметил тато?! Замисли ма, ми рече: егејското во мене проработело

Кога нешто не им е по ќеиф одма наоѓаат рачки

Се мајтапат со мене. Денес имав навистина убав ден. Се прошетавме до видиковец, се изнапеавме песни од Тошка, со помалку вино ќе звучеше совршено, ама и вака е добро. Дечкиве немаа кондиција за смеење, а овие ми пукаат сеир ќе ме рентале за да сум ги набилдала хах сеирџии се, ама ако, убаво ни е на сите. Драга преморена сум! Не сакав да им признаам, ама и мене ме боли стомак од смеење, ама и вилицата ми се укочува, заглавува малку. Преморена сум, па дури и касно капирам, ептен сум успорена. Сега сум `ко пушка од француска револуција. Полниш 15 минути, повлекуваш чкрапало и после 15 минути испукувам хаха. Значи потребен е пола саат за реакција

. Уууууууух убаво вино ма........ Штета што имаше само по 2 чашки и среќа што немаше полиција. Патем, лелеееееее колку одлепив денес...
Драга сега ќе одмарам и ќе те читам. Преморена сум за да се вклучувам во било какви муабети.
Ај да те поздравам со една песна од Тоше. Денес е негов дем, само негова музика. Обично имаме тематско караоке, ама никогаш не било `ко денес. Лудо и не заборавно. Или што би рекол Драган Б со точка Костиќ: Заборави ако можеш
п.с. Драга, си знаеш...
п.п.с.
јесте да го користам многу, ама како го научив ова
јебеш га и кај што треба и кај што нетреба го користам
