Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Еј ми се свиѓа заладувањево, го обожавам ветеров, уште сега еден дожд да падне и ќе бидам многу среќна! :pipi:
 
Драга Кајгано,
И мој втор пост да ти оставам. На претходниот ме сфати, пробај и сега... Тешко ми е... Една од ретките на кои им верувам денес оди за Италија за 3 дена. Низ што се немаме поминато, заеднички спомени колку сакаш и малце тешко е да се сносам со фактот дека ќе биде далеку од сите нас и дека ќе нема на кого да му се јавам кога некој стварно ќе ми треба... Вечерва бевме нонстоп заедно, се присеќававме на некои епик моменти, а и доста лични муабети паднаа за сегашноста и периодот што следи. Ја сакам како моја сестра, верувај... Ми рече дека нашето другарство ќе опстане, без оглед на тоа колку сме одалечени. Like real best friends. Постојат Скајпови, Емесени, Фејсбуци, ама не е тоа тоа... Се мислам што да и купам нонстоп да си го носи со себе и да се присеќа дека секогаш за нејзе ќе има некој стотици километри далеку од неа, во едно гратче, кој ако е во невоља, ќе долета со авион до кај нејзе да и помогне. Се приврзувам многу за луѓе, знам дека примети, ама си ја научив лекцијата пред месец дена како треба да се постапува со некои кои не те ценат. Знам дека "сестра" ми е човек кој никогаш нема да ме изневери...
Претерав знам, морав ова да го споделам со тебе. Ајде одам да легнам, утре ме чекаат уписи за факс, може ќе ти оставам уште некој пост. Поздрав.
 
Кајго ,

проштевај одамна ти немам пишано а и општо те запоставив периодов .... Да знајш оти многу ми се најде денојве и сум ти благодарна и ветувам : штом ми завршат овие факултетски маки почесто ќе те посетувам .

Те обожам тебе исте твои членови и остани ми полна со позитивни вибрации како досега :)
Папа :salut:
 
Драга Кајги,

Помина летово ма... Овие се разработија, главата не знаат кај им е :pos: имам куп идеи кои ги споделив со нив и многу им се допаднаа. Пошто зашто сум била ваква, таква, онаква им средив едно буџетче и сега коваат нов план што ќе прават :toe: јесте да, ме бива за кршење филм. Знам дека им е ќеиф, ама не е време за непотребни трошоци. Вчера капнав додека им направив едно пописче набрзинка што треба, како треба, а тие кутрите идеа како мали кученца по мене и додаваа работи, за поголем избор :pos:. Ууууууууф колку убаво си поминувам! Туку ми се јаде нешто блачко, не `ко онаа вчера што ја утнав (у пм саде тесто испадна, многу е убава, ама не сакам такви, плус мн. габаритна испадна ма... :pos:), сакам нешто убаво, ама не знам што убаво блачко ми се јаде. Ме мрзи да палам кола да идам до слаткарница, да видам што можат да ми понудат, а само на 5 мин. со кола ми е Канела, у п.м. колку сум мрза денес, ама нема да биде вака уште долго. Денес имам фул распоред, ако се биде по план ќе капне убава паричка до утре, ако не ќе чекам до петок. Значи ќе биде супер во двете варијанти. Најслатко е што не мора да мрднам од дома, а да си земам парички, најслатко е вака. Епа, сум си правела што ќе ми текне после, па ќе си правам. Ретко на кој му успева ваков бизнис.
Драга, вратив некои стари навики. Некои од нив ме плашат по малку, оти може да ме однесат во друга насока, ама рано е за таму. За таму треба да средам други работи. Тешко ќе биде, ама ќе биде. Се познавам себе, знам кај сакам да бидам за 10 години, планот е направен. Само не иде без проблеми, првите 5 ми се исполнија за две недели, сега ќе мора да сковам други идеи, ама тоа се слатки маки. Успеав да си тргнам на страна супер пари, плус моите да ги почастам (тато само се буни, ама ќеиф ми е да ги частам). Драга, треба на сестра ми да и купам нешто, знам што сака, ама бидејќи е малку поскапо ќе почека до другата недела.
Кајги на добрите луѓе се` им иде од рака. Знам дека има тешки периоди во животот, па затоа треба да се има трпение. Се` ќе помине, ама мислењето кое ќе го имаат другите за тебе нема да помине, нема да се промени. ДА! Внимавам и на тоа. Не живеам за другите, ама сакам по добро да ме памтат. Дедо ми викаше: прави само добро додека си млад, а кога ќе бидеш стар ќе ги собираш плодовите. Најслаткото тек допрва иде. И навистина е така. Ништо не ми фали ако денес му посветам внимание на некого или пак ако му помогнам ако ми побара помош.
Драга Кајги вчера ми беше супер, ама едно време многу се растажив. Растргнувајќи низ собите најдовме многу работи кои му пропаѓаат на едно убаво минато и на минато кое не го познавам. Најдовме куп работи за кои не знаев дека постојат. Некои и` припаѓале на баба ми, а некои се работи од детството. Тие од баба ми, која никогаш не сум ја запознала, премногу ме растажија, ама тие од детството... Моите ни купувале се` што ќе допреме. Имавме куп работи, некои се нови, уште се со етикета на нив :pos: кога сум била мала сум бил многу немирна. Многу сум сакала во „Наше дете“ да ги кинам етикетите, ама само во таа продавница. Најдовме во една кесичка куууууууууууууууп етикети :pos: Хееееј најдовме и едно ливче на кое сестра ми и` пишала на мајка ми: Мамо, дај и пари за два сладоледи (ама прашај ја од кој сладолед сака за да не се мисли таму) :pos: На друго ливче пишала: мамо изеде цело пакетче кики карамели, не и давај мастики! Лелееее од секогаш се грижела за мене. Јас сум многу чувано дете! Имам прекрасни родители, роднините исто така ме сакале и ме чувале, ама сестра ми... ееех таа живеела за мене. Најдов и една нејзина маичка со која сум спиела кога не била дома. Мајка ми ми кажуваше колку сум ја сакала таа маичка, а татко ми `ко и по обичај ми пукаше сеир.
Драга Кајги малку расеано ти пишав, ама ковам убави планови. Оваа недела нема да идам надвор од Скопје, ќе одмараме тука. Ќе идеме до Матка цел тим, да не речам банда. Многу убаво ќе си поминеме! Само тој план е сигурен, сите други се планирани да се остварат у точно време :pos:
Драга морам да одам во Берово, не можам од глава да го извадам. Никогаш не сум била таму, а било толку прекрасно. Вчера се чудевме како сум го промашила тоа место :kesa:
Драга, остани ми со здравје!

п.с. Леле Драга песнава ми е од фб, ме поздравиле од сабајле хах () хах многу сум ХејПи
 
Кара миа...
Бев на факултет, поднесов документи, го сретнав Дарк Кинг и потпишав еден сомнителен Договор во три примероци :helou:
 
Колку време не сме се виделе,ама еве пак се сретнавме.Вечерва ќе биде забавно,не викам не.Импресии во доцните часови,ај сеа идам да те разлистам малце.
 
Колку време не сме се виделе,ама еве пак се сретнавме.Вечерва ќе биде забавно,не викам не.Импресии во доцните часови,ај сеа идам да те разлистам малце.

Хех, незнам дали ова се радуваш што ти истекол банот после неколку месеци, или дека дотурав РАМ во кајганава ...

Иначе кајги коа сме на темава - дај не им стварај зависност на децава просто ме збеснаа со прашања кога ќе се вратиш а ти ќутенката ...
 
Колку е убаво да си вљубен а уште поубаво кога ти е возвратена љубовта...
И во име на љубовта полудев.
Докажано е.
Баш заради тоа што вчера тропав зелени на едни твои драги форумџии,а лудилото продолжи и денес.
Сигурно се прашувале кај ми е крајот...
Ама срека ги поштедив.
A конечно времето да се поправи.
Сега ке има убаво спиење,шетање...и разменување прегратки на ветер.

Бај.
 
Кај си мори ти? Цел ден нема што да праавм дома! :)
 
Драгаа... Ии ова би требало да значи дека ја истуркав 1ва година скроз? Дека уствари сум завршила на време? Или да си чекам резултати и да не се јачам пред време..
Ии официјалниот мој летен распуст го сочинуваат 15 денчиња? хахахаа средно жалосно : ) Ама не се жалам, добро је :)


Can we pretend that airplanes
In the night sky
Are like shooting stars
I could really use a wish right now

Сабајле ме одлетаа 4 хеликоптера, со јак одзвук така да ме пукна малце параноја да не ми пуштат.. летки. Вечер, нека ме одлетаат 4 авиона. Нема да ме пукне параноја. Ај промис.
 
Еве бе, после дооолгооо време...ме мрзи бе, не за друго. Само да те поздравам, глеам си се подмладила со членови, машала. Се вратив од работа пред малце, и си потпишав Договор за дело :cug::je::mist:, па ќе видиме како ќе терам у канцеларија. Ај така, и би требало сеа малце повеќе да пишувам. :)
 
Драга,
Официјално сум студент. Не се осеќам така. Воопшто. Па плус кај сум била јас за сама живеење. Нема да се снајдам како да се загинам. Патетики. Ама возбудена сум. Мноогу. Аман нека не одложват поќе, сакам да се преселам Скопје побрзооо.
Успеав да го запамтам пато од факултето до стано. Браво за мене. Оти многу тешко е, со многу премини и вртења. Не. А ридо ohgod. Важно изгубив се шо јадев за ручек од шо се качив сто пати на горе.
И шо се овие срања Елена да ми пеј ко ќе ми го дават индексо? -_-
А, да. Си ја сонвав играорната. Ми недостига.
И така бее, не знам шо те давам.
 
А шо демек ја покус ќе останам и нема да кажам дека официјално сум примен на електро и дека поднесов преостанати документи денес?
ЕПА НЕМА!
МЕ ПРИМИЈА!!!
 
Не знам Кајги што ми се дешава!
Само знам дека сакам да изчезнам на некое време! :(
Да се вратам во нормала...да бидам повторно онаа што си бев порано!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom