Драга Кајги,
Помина летово ма... Овие се разработија, главата не знаат кај им е

имам куп идеи кои ги споделив со нив и многу им се допаднаа. Пошто зашто сум била ваква, таква, онаква им средив едно буџетче и сега коваат нов план што ќе прават

јесте да, ме бива за кршење филм. Знам дека им е ќеиф, ама не е време за непотребни трошоци. Вчера капнав додека им направив едно пописче набрзинка што треба, како треба, а тие кутрите идеа како мали кученца по мене и додаваа работи, за поголем избор

. Ууууууууф колку убаво си поминувам! Туку ми се јаде нешто блачко, не `ко онаа вчера што ја утнав (у пм саде тесто испадна, многу е убава, ама не сакам такви, плус мн. габаритна испадна ма...

), сакам нешто убаво, ама не знам што убаво блачко ми се јаде. Ме мрзи да палам кола да идам до слаткарница, да видам што можат да ми понудат, а само на 5 мин. со кола ми е Канела, у п.м. колку сум мрза денес, ама нема да биде вака уште долго. Денес имам фул распоред, ако се биде по план ќе капне убава паричка до утре, ако не ќе чекам до петок. Значи ќе биде супер во двете варијанти. Најслатко е што не мора да мрднам од дома, а да си земам парички, најслатко е вака. Епа, сум си правела што ќе ми текне после, па ќе си правам. Ретко на кој му успева ваков бизнис.
Драга, вратив некои стари навики. Некои од нив ме плашат по малку, оти може да ме однесат во друга насока, ама рано е за таму. За таму треба да средам други работи. Тешко ќе биде, ама ќе биде. Се познавам себе, знам кај сакам да бидам за 10 години, планот е направен. Само не иде без проблеми, првите 5 ми се исполнија за две недели, сега ќе мора да сковам други идеи, ама тоа се слатки маки. Успеав да си тргнам на страна супер пари, плус моите да ги почастам (тато само се буни, ама ќеиф ми е да ги частам). Драга, треба на сестра ми да и купам нешто, знам што сака, ама бидејќи е малку поскапо ќе почека до другата недела.
Кајги на добрите луѓе се` им иде од рака. Знам дека има тешки периоди во животот, па затоа треба да се има трпение. Се` ќе помине, ама мислењето кое ќе го имаат другите за тебе нема да помине, нема да се промени. ДА! Внимавам и на тоа. Не живеам за другите, ама сакам по добро да ме памтат. Дедо ми викаше: прави само добро додека си млад, а кога ќе бидеш стар ќе ги собираш плодовите. Најслаткото тек допрва иде. И навистина е така. Ништо не ми фали ако денес му посветам внимание на некого или пак ако му помогнам ако ми побара помош.
Драга Кајги вчера ми беше супер, ама едно време многу се растажив. Растргнувајќи низ собите најдовме многу работи кои му пропаѓаат на едно убаво минато и на минато кое не го познавам. Најдовме куп работи за кои не знаев дека постојат. Некои и` припаѓале на баба ми, а некои се работи од детството. Тие од баба ми, која никогаш не сум ја запознала, премногу ме растажија, ама тие од детството... Моите ни купувале се` што ќе допреме. Имавме куп работи, некои се нови, уште се со етикета на нив

кога сум била мала сум бил многу немирна. Многу сум сакала во „Наше дете“ да ги кинам етикетите, ама само во таа продавница. Најдовме во една кесичка куууууууууууууууп етикети

Хееееј најдовме и едно ливче на кое сестра ми и` пишала на мајка ми: Мамо, дај и пари за два сладоледи (ама прашај ја од кој сладолед сака за да не се мисли таму)

На друго ливче пишала: мамо изеде цело пакетче кики карамели, не и давај мастики! Лелееее од секогаш се грижела за мене. Јас сум многу чувано дете! Имам прекрасни родители, роднините исто така ме сакале и ме чувале, ама сестра ми... ееех таа живеела за мене. Најдов и една нејзина маичка со која сум спиела кога не била дома. Мајка ми ми кажуваше колку сум ја сакала таа маичка, а татко ми `ко и по обичај ми пукаше сеир.
Драга Кајги малку расеано ти пишав, ама ковам убави планови. Оваа недела нема да идам надвор од Скопје, ќе одмараме тука. Ќе идеме до Матка цел тим, да не речам банда. Многу убаво ќе си поминеме! Само тој план е сигурен, сите други се планирани да се остварат у точно време
Драга морам да одам во Берово, не можам од глава да го извадам. Никогаш не сум била таму, а било толку прекрасно. Вчера се чудевме како сум го промашила тоа место :kesa:
Драга, остани ми со здравје!
п.с. Леле Драга песнава ми е од фб, ме поздравиле од сабајле хах () хах многу сум ХејПи