Охохоооо комшике јебеш га пак ти заврна
Драга Кајги,
Сме станале ѓупско маало… Кој реновира соби, да не речам прави глупости, кој коси трева у 6.30 сабајле, кој пак пере теписи дека им наврнале минатиот пак (сега пак им наврнаа), кој поправа моторче (не знам какво е, ама многу бучи), кој зел дете да чува (кутрото бебе се уби од плачење), кој се кара со сите комшии дека му сметало нешто, кој цела вечер слуша некој тежок транс, значи ова е право Ѓупско маало.
Драга Кајги, ај сега од почеток. Моиве решиле ќе реновираат дома, ако убаво е тоа, ама буџетот кој го предвиделе не ми се допаѓа. Вчера и завчера имаше буџетски кратења, па денес буџетариве се изгор лути.
Замисли Драга во секоја соба има тв, тие решиле нов ќе купувале!!! ОК, а со овие што работат?! Па и не се толку стари! Значи тв отпадна (да ја видеше цената која ја лупнале да ја дадат, свадба ќе направат со тие пари). После Драга, решиле паркет ќе менуваат. ОК! Нашле некој мајстор, ама мајсторот ептен „ефтин“, цел спрат ќе се реновира со тие пари. Значи Драга мене ми се стемни од цената и му се јавив на тоа мајсторчето, прговараше тој, а јас само му кажав цена.Ако сака за оваа цена ок, ако не друг ќе најдам. Кога му спискав да видиш како подвитка опашка, одма намалува цена. Значи паркетарот е договрен за многу пониска цена. Драга, луда куќа бре... решиле ќе менуваат прозори. Ма немој!?! Што им фали на овие?! Дупло стакло имаат, а и дрвото невиден квалитет (тогаш им викав да не лупаат толку пари за прозори, тие неееееее од најскапите, најубави биле). Замисли ма, сакале некави бели да ставаат. Ако сакаат бели нека ги офарбаат овие. Не ми е гајле дали се муртите, нема нови прозори! Абе за никаде сте! Сами кажувате дека прозориве се супер, ама друга боја да биле. Јас донесов одлука и не се ценкаме понатаму, завршен муабет: Нема нови прозори, фарбајте си ги овие! Замисли ма, седеле со некои пријатели и на овие им текнало, пошто се` ќе менуваат да сменеле и дрвенарија, да се подновеле и со тоа. Се чуделе што да се подноват и решиле нови комоди ќе си купеле. Па нели тоа дневна ќе ви биде?! Што ќе ви се комоди? Имате комоди! Нема шанси толку пари за тоа чудо! Кола можам да си купам со тие пари. Може да си купите има готови плус се далеку поефтини. Ќе ги разгледаде проспектите имате 2-3 модели, добри се. Масивно дрво... во таа соба... во ова време... мхххххххм је рајт хах како да не, бидете сигурни дека нема да ги правите. Дрво ЌЕ сте порачале? Ама „ќе“ е идно време. Значи и од тоа ништо не биднува. Јас ви го прешкртав и тоа. На што друго ви се трошат пари? На нова гарнитура ХАХ како да нееееее. Аљоооо људиии нормални сте?!
Ако бре лутете се, ќе ви помине. Пари нема за глупости. Ете ви план ви направив, добар план е! Знам дека до вечер ќе ви помине лутината и ќе се согласите дека сум во право.И јас ве сакам! Махери сте за нереални планови. Пак ви оставив доста пари. Дури и кујна можете да си направите нова, хах знам дека и за тоа ќе ви скастрам буџет, ама сега фантазирајте малку хаха
Драга многу сум и лута на сестра ми. Замисли им рекла да не ми кажуваат оти им отиде планот. Да не го начекав тато со метрото и со дигитрончето ептен ќе се изнервирав.
Драга, не сум стегната, ама не ми се трошат пари на непотребни работи. Нов тв? Ма немој, а со оној од лани што ќе правиме? Епа, ако е така, ај да купиме и еден аион и да си го паркираме у двор и ќе си го летаме од време на време. Немој да мислиш дека не им оставив пари. Им оставив дури и кусур ќе имаат. Им скратив само на непотребните работи. Ќе треба да се кречи, ќе треба да се средува и ходникот, па сакале нов плакар за под скали (уште нови скали да им текне хахаха). Тато ми е многу лут, ми рече дека сум му го скршила расположението, ама ќе му помине, знам! Ете лустер му реков каков сака да си купи и тие пак од најскапите, па драга... до кога да се караме?!
п.с. тато се сложи со планов, размислил и навистина бил добар, само ако можело да се додат некакви завесички хах овде трреба внимателно може да ме зезнат со цената

Еј, колку сакам кога сум во право.
п.п.с. Драга не ме мисли парите од вчера си ги зедов. Треба да научам поспоро да ги завршувам работите. Сеедно беше дали ќе ги земам денес или у петок мои си се, ама бидна. Драга се преморив од математикиве, ај идам да испијам ладно чајче на креветче у детска :smir: