Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
19 годишно момче го победи Надал на Вимблдон.
51972100.jpg
 
Драга кажи му на драгонот да не го сере првенството!
Фала.
 
Иначе денеска кога праев стомачни на вежбање мислев на плочките на Billy Idol. :love:
Значи, кога може он на тие 58 години да има такви стомачни, можам и ја да имам!
End!
 
Драга,
Сите те викаат Драга. Добро не сите, ама многу. Јас од сега ќе те викам Бејби :D
Бејби,
Немој да се удриш со чекан по нога, боли :icon_lol: Несмасна....
Имав одлични неколку дена. Направивме многу работи и се осеќам одлично :D
Почнуваат да ме нервираат верверичкиве. Сфаќам зашто Американциве ги мразат. Многу се деструктивни кога сакаат храна. Мамата...
Идам сеа да кречам на транс. Ќе видиме како ќе фунционира тоа :D
 
Туторијал: 10 начини како до исполнет кајганџиски живот и многу лајкови

1. Секој шо и се обраќа на Џену ко на машко - цитирај го. Смешно е. Кул е. Гарантиран лајк.

2. Коментирај по профили. Не се брои мислењето, но се брои лајкот. Бонтонот на еден просечен кајганџија му налага доколку му напишеш нешто на ѕидот да те лајкне. Ако не го направи тоа, пушти му прајват месаџес, дека секогаш има опција да ти лајкне рандом мислење.

3. Френдс, Рејдиохед, Гејм оф тронс, фото хумор - таму лајковите се мрестат, таму луѓето лајкаат.

4. Клај му ја Ането на Ио на профил

5. Биди второпостирач. Големиот @Io Sono Interista еднаш не така одамна, кажа многу.

6. Биди геј во ди кеј.

7. @dragonsky секогаш возвраќа на лајкот. Гад блес драгонски!

8. Батали хит на денот. Во што слушаме во моментот се лајка сега. Рејдиохед, Дед кен денс, Пинк флојд, Битлс, Елен Џени... Контото расте ли расте, ко незауздана утринска ерекција.

9. Означувај. Каде стигнеш означувај. Никој не е рамнодушен на означување. Означи го рецимо @Andrew у темата за депилирање. Лајк до јаја. (#краденаФинта):love:

10. Укради ја запирката од тастатурата на шутрак.:love:
 
Колку е заебано дома да имаш два макс ресивери,и еден обичен мочан ресивер ,увек е 15 секунди пред максов,и ела гледај спорт ако можеш.Татко ми пуштил глас,па ја сум приморан да бегам од дома:pos:,Стануам му намалуам глас,затворам врати:facepalm: аба триста чуда.Ајде за ракометов Вардар со Фленс,ми спаси неколку години живот,ама овој терор више не се издржуа.
 
Ме гањаат тендери неделава пак. Овој пат деловите се бројат на прсти ама и времето такоѓе. Треа да стиснам заби и да бидам што повеќе selfcontrol freak, иначе ќе отиде јабана работата.
Книга ко што нема да те одврати од секојдневнот стрес, ништо не може. Се рееудицирам онаму кај што ми застана научната мисла. Ко вчера да беше. Се мислам и професионално да се навратам на оноа што некогаш го работев. Само да истераат овие неколку месеци искуство.
Дрш за песна чисто онака пошо е Енио.
 
Супер е што сеуште се слуша детски глас на улиците, денеска тоа прилично ми го разубави денот.

Само да се надоврзам, @Peja989 мојот ракопис е толку лош кога ме мрзи да пишувам што лани професорот по музичко ме праша дали се спремам да станам доктор.
 
Последно уредено:
Драга К,

Го поставувам прашањето: Зошто во оваа држава ако имаш поинакво мислење, поинаква желба за живеење зошто те гледаат како чудак? како лудак и одма ти наоѓаат место каде што треба да живеет - бардовци? Оваа толпа маса на луѓе кои имаат дипломи кои се во собрание, кои исто така предаваат на факултети го ограничуваат народот, му ја одзимаат слободата на живеење и вооедно слободното изразување, зарем не е човечки да посакуваш да живееш во слобода? да се искаже она што се мисли без притоа да ти залепат етикета глуп,мрзнат,чудак итн.

Драга к, оваа толпа на луѓе кои ги ограничуваат останатие сакаат и на некој начин живеат што е со останатите? тие живеат само во себе драга к, со надеж голема во себе. Точно ова не е само во нашата Македонија туку и пошироко се надевам еден ден ќе се променат некои работи. Фала и остани ми добра како што и си.
 
Денеска ко си идев сабајлето помина низ улицава едно куче цело кожа и коски, плус измитарено, абе грев да те фати дур го гледаш. Онака душкаше кај ќе стигни, бараше храна веројатно. Комшивката од соседната куќа излегуваше од дома и го забрка. Промрморе нешто демек само шуркаат по кантиве, пуздер прават, го валкаат малото, растураат ѓубре и така натака. Таман влегов дома, се качив до горе и излегов да ѕирнам до кај се најдува кучево, онака од балкон. Не беше многу оддалечено бидејќи се движеше со мачнина, поради слабоста. Пресеков околу половина леб, и тргнав на кај продавницата, демек да купам две арт кафиња од 5 динари, демек ми се пијаше. Го престигнав и му го фрлив лебот. Ова толку силно го зграпчи и почна да го носи со себе, што чиниш насобра енергија за која да ме отепаше човек немаше да претпоставам дека ја поседува. Од една страна ми беше мило шо барем за момент успеав да го израдувам, но од друга страна судејќи по состојбата во која се најдуваше, ме обвијаа некои црни мисли, бидејќи реално не верувам да протурка далеку. Да бидам искрен и немав некоја попаметна работа за размислување, па така потрошив некое време мислејќи за судбината на песот, свесен дека има многу побетар работи(заминав и до Африка), но то е, така се погоди моментот.

Песна за песот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom