Види Златко, тука кај нас во Валандово има турнир во мал фудбал. И се заборавам да ти кажам, пред некој ден додека јас гледав Грција-Костарика дома, на турнирот се случиле една комична и една ултра мега гига комична работа.
Значи си течела вечерната програма како што треба и иде последниот меч треба да играат 2 екипи кои носат бели маички. И секој нормално организиран турнир за вакви ситуации има маркери во неколку бои, за да не се мешат играчите. Арно ама овие ги заборавиле маркерите.

И сеа играат децата и тие и тие во бела боја и во прво полувреме еден дечко од едната екипа подал назад мислејќи оти таму стои негов соиграч, а тоа да ти бил некој од противниците што го мрзело да се врати и овој го искористил тоа и дал гол.

И на полувреме се пожалиле играчите дека стварно нема смисла, дека се мешат ептен, па некој од организаторите ваљда тркнал да земе...маркери. Или барем така мислеле другите. Овој се враќа, ја повикува едната екипа и им дава верувале или не ВМРО маички од изборите со натписот ИМА РАЗЛИКА.

Колку ми е мака само што играа продолженија Грција и Костарика, ќе сум присуствувал на една од најкомичните ситуации на турнирот до сеа. Замисли еј, дотука стигнавме бе, кога играат 2 екипи со иста боја едната од нив треба да носи блузи од ВМРО.

