Океј, прво ќе почнам со тоа дека ако имаш психијатриски/душевни/мањебитнокакви проблеми, со тоа шо преку вечер ќе станеш верник, не значи дека си ги имаш излечено проблемите, туку дека не сакаш да живееш у реалноста.
Второ, многу битно нешто е, социјално здравство сакс.
И не, не го прајте муабетот: и кај нас ли да умираат луѓе како шо умираат у државите каде шо нема социјално здравство? Оти плаќам задолжително социјално здравство месечно се дешава следното.
Одам денес кај психијатар, ми беше закажано у четири саат, пошто нели ние сме многу напредна нација, и се убаво, стигнав таму 10 минути порано, и психијатарот не ме прегледа до 5 и 40. Сериозно? Чекав 2 ебани саати само за да ти прдне на курот мори, краво дебела. Исто, не плаќам осигурување за да не ме ни сослушаш, и за ебани 5 минути да ми препишеш 30 сорти лекови, а не ни знаеш шо ми е. Не ми ни праша шо ми е. А се стрча за тоа да ми кажеш дека држиш приватни сеанси со релаксација и медитација. Сериозно? И да, да не заборавам, 1.000 денари е од сеанса медитацијата потпомогната од психијатар. Оу гад.
Да, у секое едно општество каде шо има болни луѓе, луѓе ќе умираат, ама у нашево социјално здравство умираат сите, у здравството каде се приватни фондовите ќе умираат 1 посто најсиромашно население.
П.С. Имаше една женичка која чекала 4 саати пред мене, и курот ја болеше докторкава. Фала ти многу, социјална државо!