Кајги, ме нема оваа недела нешто, само се вклучувам без да пишам.
Интересна недела во секој случај.
Шефицата објави ново правило: Нема да толерирам да идете несредени на работа. Тоа значи дека нема да можам да шетам брадосан

***
Вчера се искарав со баба ми. Беше дојдена. Јас си дојдов во десет навечер од работа и си имам навика да седнам пред компјутер, и после спијам.
Ми вика: Ист си ко вујко ти, шетате па после на компјутер.
Толку требаше да ме изнервира. И реков:
Јас имам 23, не 45. Тој не е женет, не работи, скита, чека на твојата пензија. А јас прекинав факултет и веќе три години работам. И си дојдов од работа, не од шетање.
Од тогаш не сум полу-влав, туку Караорманец - Малесиец.
Мразам солење памет Кајги. И да семејството е дома во твојата куќа, не некои роднини кои ги гледаш на свадби и погреби. Повеќе ги сметам за роднини колегите на работа отколку моите први братучеди.