Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајг, прееска кога денот се будеше, онака традиционално пред спиење застанав на пенџера и видов едно светло од другата страна, не сум единствениот буден. Ме стресе исто чувство ко да е декември и да чекам да заврне снег... Баш такво беше светлото од надвор, зора. Ме фркаа инспирации да изнапишам многу редови со бесмислени реченици, истрипана филозофија и толку измешани чувства шо и сам ќе немав појма што значат наредниот ден.* Instead, си легнав да спијам. И сето избледе во истиот момент кога ги отворив очите и го отерав алармот у три лепе.

И сега, додека комшиките се спремаа за излегување и едно 10 пати ми тропаа на врата да им се придружам, ја седам тука и се мислам на таа случка од сабајле. Едноставно се избледува, работите се толку минливи што остануваат како ситни моменти за сеќавање, а понекогаш и сеќавањето е премногу. Нешто што вчера те оставало без здив денес ти е: мех. Онака буквално : мех. Пошо валда толку вредело за да остане, дел од секунда. Исто ти е, се е релативно и константно се менува. Ако се навикнеш на промените, едноставно ништо ново нема да се случува.

Понекогаш си замислувам слики од мене каде сум на некое интересно место и колку тоа би било убаво, а после гледам на околу и сфаќам дека сум многу далеку од таму. А и пак тогаш исто, знам дека и тука ми е супер, само како да не припаѓам овде веќе. Сивиот бетон почна да ми штети, сивилото ми стана секојдневие и уживам во него. Одамна...

А таму, исто во таа соба, таа што светеше... тоа слабо светло кое растурено од едвај проѕирната завеса се ширеше по стаклото, светлото што ми ја разбиваше сивата нирвана на бетонот, таму имаше некој. Некој што го знам, некој што понекогаш ми фали. Или валда само една широка насмевка и малку зезање... И одма, ново просветлување, знам дека скоро секое такво утро сум бил сам, па и ова нема да е ништо поразлично.

Сред колоквиумска, чудни работи се дешаваат... и треба и cv да пишам...


*дап ипак дојдов да истресам нешто :)
 
@Не_Сум_ЏинЏер
Некој напатен матурант иде кај баба Рада и се жали за фрлени пари за прослава.
Баба рада: Чај од ѓумбир.


Бек он топик...
Лош почеток на неделата. Уште полоша средина. Но отрпнав веќе. Можеби затоа што е крај на месецот. Плата. Па саем. Па Темплум. Колекција.
So says Saladin.
 
Драга,
Што е убаво чувствово кога ќе завршиш нешто :X3:. А не беше нешто посебно. И да го правам секој ден, сто посто и помалку време ќе ми треба. Ај, еден ден може ќе го претворам во пракса тоа што го знам. :unsure:
Утре одиме да планинариме :vozbud:. Многу, ама онака најмногу, немам кондиција. Среќа што никој нема што оди :D. Ама едвај чекам. Ми фали тоа. Се надевам ќе биде доволно убав ден и за да напраам и некои сликички :love:
 
Еј ДК глеаш, еден член ги читал моите постови за стоматологија и се охрабрил да си стави протези пред година и пол, сега е горд на чекорот :) Се осеќам топ! :)

и да бе, фан базата на еден уметник наш со пенкалцето е полоша од глорихантер базата на Манчестер и Барса кога беа во приматот на успесите, ко хорда маме му. Многу нежен народ :S

и кажи им на овие дупливе да си се вратат на старите јузери, таму се на листа на игнор на пола форум, нека не играат со читови :icon_lol:
 
Последно уредено:
Д. Кајгано


Сакам да и честитам за роденденот и овде, ако?


-Среќен роденден, се што сакаш да ти се исполни! ^_^

Trafalgar.Law.full.801678.jpg
 
Драга,

У некои држави има закон за задолжителна вакцинација , а кај нас поише им се верува на чаевите на баба рада.Е тој шит од држава сме.
 
Драга , од крем само го јадам белиот дел, црниот не го сакам . Дали тоа значи дека сум расист ? :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Драга,

Не сме уште петок, а на работа клиентиве се понашаат ко да се пензионери во петок.
А не се пензионери.
И се неразбрани.
И не го одредувам јас девизниот курс.
И не работам на пазар за да се ценкаме.
И ми фали еуфоријата, стресот и спремањето на колоквиуми. Најозбилно.
Боље беше него стресот од овој тип.
И едвај чекам да киднам надвор од Скопјево. Чисто колку да не ги слушам владиниве реклами, пропаганди и перење мозоци.Психофизичка пролетна детоксикација и мекнеење. Тоа ми е на агендата.
И така.
 
Абе завршија ли глупостиве со фискалните сметки веќе? Ми се смачи во продавница некои будали да ме гледаат со чудење доколку не ја земам фискалната. :tapp:
 
Абе лепотице ...

ако секој втор збор ми е "пичка му мајчина", дали тоа ме вклучува во поети, пичка ти материна?
Според некои луѓе да. Прав поет сум, особено кога гледам утакмици.
 
Драга

Е стварно не поднесувам лигави девојчиња...седи карши мене во воз и 5 саати ја слушам оооууу лук ет дет хорсиии, дакиии, шиппииии, аууу лук ет дис ШПА! Шат д фак ап!
 
Драга,
Живееме во толку моќна држава што претседателот може ноншалантно да му намигне на претседателот на САД.

Живееме во толку моќна држава што претседателот може да ја менува историјата на САД и да именува нови претседатели со француско потекло. :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom