Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
055-620x412.jpg


Ok.

Во право беа одредени членови на форумов, вратете го воениот рок. I give up.
 
Само кај нас на шалтерите во банките работат желки и полжави. Една мочла 20 мин ја чекав да ми направи една обична трансакција. Потоа и дадов некои сметки да уплати по што викам оваа наеднаш ако и ги дадам ќе направи каша, а она ми вика ај врати се после за сметките сега не можам правам само трансакции. :pos::cuc:
Не знае да пишува брзо на тастатура ни пак набрзина да врати пари. Да е стара да разберам ама младa. o_O Кој ги вработува овие ваквите бе? Под итно дипломата од факултет да си ја фрли во реката.
Па после се лути што и викаат дека е неспособна.
 
Последно уредено:
Кај најдов баш македонска прва лига на тв, глеам Брегалница-Турново, ништо од фудбал на ти ја дај ми ја цело време.
Интересното е од трибините, пцовките од типот `судија да те ебу у чело` и слични. :pos:
 
На раб на солзи сум.
Не можам повеќе вака стварно...
Да не е Зумба ќе експлодирам од што од сите страни сум бомбардирана со негативна енергија.
Ама сама сум си крива. За се.
И после сум се изолирала од светот, е па ќе се изолирам...
 
Dear, да ти се пофалам и јас дека почнав да собирам сликички во новиот албум од панини. Нека е жива и здрава нова македонија, за 10 денари си го зедов (и онака во валандово го нема сеуште). Се надевам ќе го исполнам до крај а ти ако имаш дупликати прати ми ги.

10013642_314674282018148_205254582_n.jpg
 
Навистина е во право:

Ne otvaraj dušu na vjetrometini. Ne puštaj svakoga blizu sebe. Prehladićeš emocije, a one se teško i sporo liječe. Istrošićeš snagu. Iscrpićeš i zadnji atom dobrote... Pa kad dođu oni koji vrijede, nećeš imati šta da im daš...
M. Selimović​
 
Правев некој шпагети со сос по рецепта на другарка ми. Неќеш да знаеш што се случи... Кога горниот го стварал светот веројатно рекол: Ти чупави, што и да фатиш да готвиш ќе заебеш.
 
Драга,

Си помислив прееска на парите што ги фрлив за фамозното чудо наречено матурска вечер и ми се стемни. Кога би се вратило времето, во фармерки би си одела. А тие пари би ги потрошила на еден куп ситници што би ме направиле среќна. Работи кои одамна ги посакувам, а чие купување постојано го одложувам поради други нешта со поголеми приоритети.
Матура. Со години ја чекаш таа вечер ко да е Бог знае што. Два дена откако ќе помине, сфаќаш дека уствари и не е некое достигнување. Дека животот допрва почнува.

И завидувам на сестра ми во тој поглед. Таа е единствена особа што ја знам која воопшто не влезе во филмот матурска еуфорија. Ми се јави недела пред матурата и ми рече „Ај оди разгледај фустани по бутиците, и одбери 1-2 како за мене, па ќе ми кажеш во кој бутик да одам да пробам и да си купам. Јас сум зафатена моментално“. Ај бидна тоа што бидна. Си купи фустан и обувки. Вечерта пред матура пак ми се јавува: „Ај да одиш утре да ми купиш ташничка и накит, и вечерта да ми направиш фризура и да ме нашминкаш, пошто немам закажано нигде.“ А јас истата вечер славев роденден. Повеќе бев возбудена јас за роденденот отколку таа за матурата. И што, и направив фризура, ја нашминкав и отиде на матура и си помина супер. Не беше крај на светот што немаше скапа фризура и шминка (патем, сите и ги имаа пофалено фризурата и шминката :pipi:), или вештачки нокти, трепки, коса и не знам уште што. Ама добро, тоа е сестра ми. Она и кога ќе се мажи, верувам дека венчаница ќе оди да купи на денот на свадбата.

Туку, поентата ми беше: Драги матуранти, размислете колку пари вреди да си фрлите на една вечер. Не мора да потрошите стотици евра за да изгледате убаво и да си поминете убаво. И онака, тоа се само неколку часа, кои најверојатно нема ни да ги памтите за година дена.

А јас звучам како стара баба што соли памет пошто имам за учење, а ме мрзи. Не дека ми е гајле кој колку ќе троши.

Утре ми завршува колоквиумска. Ќе се вратам попозитивна. :D

Остани ми со здравје.

Џинџер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom