Драга муабетов на двеве колешки(фуфици) од факс ми го поду. Како бе драга можат да праат саат и 45 минути муабет за слики на фб?
Колешка 1: Иииииии леле ама се здебелила....

Колешка 2: Леле кути свиња станала, леле а види овде со облекла!?!? Алоооо ииии со кој памет...(се кезат сеа двете заедно)
Колешка 1: Леле а види ова шо убаво и е...Али не и стои, пошо она има големи цицки ова не стои така толку отворено....
Колешка 2: Ејјјј ја сакав да го купам истото, али боље шо не го купив....

....и тако даље саат и 45 минути...
Алооооо како бе животот ни се сведе на лајкови, боцкања, препуцавања, интелектуален секс, тумачење туги животи...итн. КАКО?
На лето ни е жешко, едвај чекаме да дојде зима, а на зима сите кукаме како мразиме снег и сакаме лето...WTF?
Едни со други се вреѓаме насекаде, а воопшто не се ни познаваме, од кај искочија толку хејтери и плукачи?
Светот стна полн со луѓе кои се мразат едни со други...WHY?
И драга синока беше интересно, колку што ја можам да измислам прашања толку одговори нема, али барем беше смешно...
