Драга Кајгана,
Ја поместувам границата на сопствената издржливост.
Повеќе од 50 часа без спиење... 54 до овој момент, да бидам поточна. Ако не се смета тоа што дремнав десетина минути денес на колоквиум.

Ама им ја извадив душата на колоквиумиве. Сега ако не исположам се на колоквиуми, се откажувам од факултетот.
Инаку, последниве 3 часа се обидував да заспијам. И конечно се откажав. Али кога конечно ќе успеам, веројатно ќе спијам до понеделник.
Си го разгледав прееска календарот и роковниците и заклучив дека кон крајот на април/почеток на мај можам да си дозволам една поголема пауза и време за релаксација. Едвај чекам.

А од толку што не знам што да правам со себе во моментов, си ги гледам забите во огледало и размислувам дали да си ставам протеза на долната вилица. И да знаеш дека ќе ставам. Само кога ќе стојам подобро финансиски.
Сабајле имав една смешна случка. Тргам околу 8 накај факултет и патем свратив до една трафика да си земам цигари. И излегувам од трафиката, си ги местам парите во новчаник и ми падна една монета. И културно се наведнав и си ја зедов. А една жена што чекаше автобус тука, само чудно ме погледна. Дури после изодени 100 метри сфатив дека паричката не ми паднала мене, туку нејзе. Очигледно жената во раце си ги држела парите за автобуски билет и и испаднала баш во моментот кога јас тука поминував. А јас и ја зграбив како да не сум видела пари во животот. Пет денари беа, не дека беше некое богатство, ама некако ептен безвезе се осетив кога сфатив што сум направила

Ама ми беше глупо да се вратам да и ги дадам.
Знаеш ли Кајги што е најјакото? Што нешто сосема друго дојдов да ти напишам, ама додека да почнам да пишувам, заборавив што беше.
Еееееј,a имам неколку заостанати епизоди од True Detective. Ете ми занимација додека да заспијам.
ПоздраФ (Нездраф, како што би рекол позитивниот кумановец).