Каков труп сум за ракомет човече...

За ниедна позиција не ме бива. Лево крило во најава сум, имам ист процент на реализација ко Манасков (2/15

) , а помалку престапи од Злате Мојсоски

Ако продужам со играње со одбојкарска топка, за едно три века ќе научам да ја вртам топката како Дибиров

Паралелно со нашето играње ракомет на игралиште се избацува еден дедо со неговото 8-9 годишно внуче завиткано во капа и шалче.
Не гледа нас и вика, дедо вчера растуривме во ракомет.
Дедо му го фаќа за рака и почнува да го шета околу игралиштето и одеднаш го прашува:
- 8 по 3?
-24...
-5 по 4?
-20
-6 по 4?
-26
-Еми ако 5 по 4 е 20, како може 6 по 4 да е 26? Што ти рече учителката, ако не учиш ќе си ја расипеш петката
And we were like



Го донел детето на игралиште и го измачува со таблица множење.
Bitch please, игралиштето ни е свето место каде што мозокот треба да ти биде на пасење

Ме врати во времето кога дедо ми ме учеше таблица множење уште на 6-7 години, затоа што собирање и одземање ми беше мачкина кашлица

Па не тераа по неколку пати да ги напишеме множењата помеѓу едноцифрените броеви плус множењето со 10

Денов ми заврши уште по непредвидено. Тргнавме да играме пинг понг негде, ама местана кај што игравме отишле во неповрат, а во Хазард немаше место. Во цело Скопје да не можеш пинг понг место да најдеш

Завршивме во Малага на сладолед.
И се мислам дека таа идеја да лапаме сладолед одејќи накај дома ќе ми биде најголема грешка деновиве. Грлово негодува на таа моја одлука, во најлош можен момент.
П.с.
Yup, уште сум на тој став. Секое сабајле строго на малиџано
