Да бидам искрен, не читам многу мислења на темава, но од тие што ги имам прочитано сите се со горчина. Горчина кон животот, пријателот, саканиот или саканата, горчина со причина или без причина, не е битно, ГОРЧИ, горчи можеби и зошто нашите сетила за акцептирање на работите се пресензитивни или зошто пробувааме нешта со предрасуди, со "горчливи очекувања", за да не се разочараме, зошто сме биле повредени. Ако едно вино горчи, друго можеби нема да горчи, ако една солза горчи, друга може нема да горчи, ако еден човек горчи, друг можеби нема. Не плашете се да пробате од друго вино, тоа е правено од друго грозје, како што солзите може да бидат радосници, не плашете се и од луѓето и тие знаат да усреќат. Сите тие растат во различно поднебје, сите тие растат во различна околина, сите се различни!
Зошто толку многу горчина во нас? Зарем сите ние растеме во толку "загадена" околина ? Зошто нема пост во кој пишува јас згрешив, јас му нанесов некому горчина, јас испаднав горчлив ? Или можеби сите на форумов сме по некоја случајност "жртви" ?
Да, горчам и јас како и сите вие, горчам кога ќе ме повредат, но некогаш горчам и зошто сум себичен, токму како и сите вие, зошто човек не е себичен само кон своето дете, кон сите други е себичен и се става себе на прво место.
