Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајги...
1621888_630369463664921_106943813_n.jpg
 
„Можам да кажам дека минатото е убаво бидејќи никој не разбира што чувствува во сегашниот момент. Тоа го разбираме подоцна, и затоа не знаеме во целост што чувствуваме во сегашноста, но знаеме точно што сме чувствувале во минатото.“
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 18:07 ---
1688063_653529088026968_82099216_n.jpg
 
Драга
Гледано од аспект на генетиката ние сме сите различни, секој си е поединечен свет чија ДНК се разликува од онаа на другите, чиј код е поразличен од било кој друг на светов.
Сепак луѓево без разлика на националност, вера, боја на кожа може да си ги поделиме на луѓе кои само зборуваат и не прават ништо и луѓе кои прават и поради тоа се запамтени засекогаш. Жалното во нашава државичка и овде на форум е тоа што сите се „генијалци“ уствари само дрндаат се и сешто, а кога е потребно да се направи било каква акција со боринче да бараш неможеш да ги најдеш овие вторите. Денес во државава секој ти е експерт, секој завршува факултет, секој е интелигентен иако колку што јас се сеќавам се бројат на прсти вистински интелигентни луѓе кои сум ги сретнал во текот на животот. Денес факултетиве во нашава држава се направени за просечни, а може да се каже и за потпросечни луѓе, дипломите се делат како алва и секоја будала која имала по 10 единици до средно и едвај научила да чита денес завршува факултет, жално но вистинито! Уште потажна ситуација е што истите тие се татини и мамини синови и се вработуваат на најдобри работни места. Секој со прочитана статија која ја има напишано некое новинарче кое завршувало 10години еден мочан факултет, кој ставил некој текст на google translate и го постирал на некој од нашиве портали станува експерт за таа тематика, никој друг незнае ништо и никој неможе да му докаже ништо спротивно, што е уште потажно и поболно истиот дели и совети за таа тематика и затупува и други.
Тинејџерите плачат од екстерни тестирања, место да седнат дома да учат тие седат по социјалните мрежи, се плескаат уште од 12години, постираат разголени слики со скапите телефони и фотоапаратите кои му ги купуваат родителите со надеж дека ќе направат нешто попаметно од нив, не драга одиме кон пропаст со ваков народ, со вакви размислувања. Сите сакаат да се шефови, професори, директори, инспектори, функционери и покрај тоа што во животот не се потрудиле воопшто да го користат мозокот и да напредуваат во некоја сфера. Мажи од над 18 години наместо да подработат нешто корисно и да научат се маткаат со видео игри, уште појаки се оние од по 30ката од истава екипа, занесени како тоа да е реален свет. Девојките ретко да размислуваат нешто друго освен да се наспијат, нашминкаат, да излезат на кафенце со другарки, на пица, благо и ред друго и да потрошат една македонска дневница иако немаат извадено ни денар во својот живот.
Драга можеби сум пресериозен за својата возраст, можеби јас сум не баш толку паметен колку што мислам, ...тоа што до моја возраст имам преживеано еден куп срања и сум бил во секакви ситуации ме прави помалку искусен од некој кој прочитал за истото, знаеш како викаат yesterday's history, tommorow's a mystery, it's all what you do in the moment, always account for variable change. Се ова ме тера да размислувам дали да се обидам повторно да аплицирам на конкурсов за вработување во државна институција, на предходниот беа примени колеги и колешки на кои ако му ја префарбаш вратата додека се излезени, нема да можат да си ја најдат својата куќа, али ова е мојата чудесна земја. Реално гледано не жалам што минав тешко детство, тоа ме научи како да се снајдам и да се привикнувам на секоја промена, со преварантите да сум преварант, со добрите да сум добар со насилните насилен, единствено нешто е што полека заборавам да се смеам и радувам и кога треба да сум среќeн. Научив дека животов е суров, дека не вреди да си чесен, дека никој не го боли таквото колку и да ти се прави близок и пријател за тебе, кога ти е тешко сите ги нема, остануваш сам, остануваш според оваа поговорка It ain't about how hard you hit, it's about how hard you can get hit and keep moving forward. How much you can take and keep moving forward.
Во моментов има работи поради кои треба да сум среќен, имам некој покрај мене кој ме разбира и сака, завршено факултет на 21 година со висок просек, мастерот досега оди добро единствено срце ме стега кога помислам дека за некој ден треба да платам втор семестар, облечен, нахранет и покрив над глава, спремам другар за на натпревар во пауерлифтинг и гледам дека вредело тоа што читав еден куп литература за бодибилдинг и пауерлифтинг бидејќи дечкото напредува перфектно, чекам подобри времиња да се посветам на себе со средена исхрана и суплементација и здравје ако се има кеш да излеземе и на некое натпреварче :) е сега тоа што некои ситници знаат да зезнат расположение и ден како вечерва еден идиот во теретана тоа е друга приказна.
Вечерва еден батка од нашиот главен град во теретана ме нарече со еден израз кој на тукашните дечки му е како нешто свето, „абе пеер уште колку серии имаш“? Чекај со кое право тој ме нарекува „пеер“, втора работа за кој к** мора да употреби пеер, многу ја мразам фразава драга, кога ме нарече некој вака ми доаѓа да го здробам на лице место кој и да е! Тешко ми беше драга, извини што напишав толкав пост и ти го малтретирам серверот кој и така е непослушен али ми беше потребно да се искажам некаде :)
 
Вечерва еден батка од нашиот главен град во теретана ме нарече со еден израз кој на тукашните дечки му е како нешто свето, „абе пеер уште колку серии имаш“? Чекај со кое право тој ме нарекува „пеер“, втора работа за кој к** мора да употреби пеер, многу ја мразам фразава драга, кога ме нарече некој вака ми доаѓа да го здробам на лице место кој и да е! Тешко ми беше драга, извини што напишав толкав пост и ти го малтретирам серверот кој и така е непослушен али ми беше потребно да се искажам некаде :)

Пеер не паничи датиеам.
 
Уф, драга те молам...кажи ми дека дишам!
Мислам дека имам толку нешта да ти кажам, ама каша ми е во главата. Една мисла ме води кај друга, па таа кај трета и така до бесконечност. Затоа одлучив, ДА НЕ МИСЛАМ ПОВЕЌЕ. Колку повеќе мислам, толку по катастрофа одлуки донесувам.

Денес пешачев сама.
Се задлабочив во мислите и сум се заборавила во одењето. Кога се свестив каде сум, сакав со неколку воспитни да си се почастам. Ама искрено!
Темно, ладно, нема жив човек, ниту звук на БИЛО КАКВО превозно средство. Се помирив со помислата уште колку пат ме чека за назад и уште колку обврски ме чекаат кога ќе се вратам дома и си тргнав.
По пат си правев муабет сама со себе. Знаеш колку е убаво?
Дома кога ме слушаат дека си зборам сама....ме гледаат како од Марс да сум паднала. Па затоа си се опуштив вака сама. Никој не ме слушаше...си ги отворив мрачните тајни. Ги кажав на глас сите скриени чувства. Викнав силно- колку што ми се големи желбите. Си признав се` самата на себе. Си ја плескав реалноста во очи, ги прифатив неуспесите. И заклучив дека и успесите можеле да бидат подобри. Зборував додека лицето не почна да ми се вкочанува од студот...се вратив на сите моменти. Што сум живеела, што сум преживеала...а што треба да доживеам. Се сетив на сите раскрсници на кои сум застанала во животот. На сите ноќи без сон, поминати во мислење по кој пат да се оди...
Нема нешто што не помислив Кајги. И сфатив, сите одлуки ми се погрешни. Катастрофални...кои немаат потенцијал да бидат успешни. Далеку од тоа што мислам дека е правилно.
Ама гајле ми е, ќе го средам и тоа. Само треба, простор, услови и времe.

И, така драга. Да ти кажам дека не сум примерна. :D Баш кога ми рекоа дека треба да се посветам на храната и поздрав начин на живот. Јас правам обратно.
Цел ден во мене имам само еден портокал и литар вода.
На здравје. Па ако преживеам, ќе ти јавам. :unsure:
 
n.b. Кога реков некад да напраам рестарт со себе, не реков и алкохолната толерантност да се спои со нулта точка. Од едно пиво не се скаменуе човек. Myth.
Иначе муабетот денес ми беше прекупотребен. Ти благодарам.
Love always
Saladin
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom