И така пред заминување седиме со женскава и пиеме сок малку оддалечени од центарот.
Десно имаше една женичка, малку дебелка со пукалца на глава. Потстана и вика
-Уф шубо си потпрднав. Дечко дечко, да не знајш кај има веце, ми се сери.(се пули на кај нас и ме прашува)
(ми светна мене колку е сатот) -Право и велам, на кај кафичине, влези во некој од нив.
(Еве ја се приближува мајчинава, јас се пулам во женскава, по малку смеа ми навира не знам како да реагирам)-Дечко, абе да не го знајш Аце од Прилеп. Еве му ѕвонам, не ми се јавува. Дојдена сум со Драганче Митрески легендата, оној лепотанон го знајш?

(јас не знам дали да се смеам или да плачам)- Да да, како не го знам Драганче.
-Ти женска го знајш Драганче лепотанот? Мора да го знајш. Да се сакате двајцата заљубени сте, да не се мамите еден со друг. Убавка си ти. Туку син ми загина пред едно време, не знам шо да прам сега(почна да плачи по малку)
-Живот е, продолжува понатаму (и викам)
Ко зеде така сочно ме погали на фацава, на ракава, а заборајв претходно да кажам дека на почеток муабетот со гасот, со раката се прочепка на задник. Станав некако и и велам на женскава, ајде да си одиме касно е.
-Одиме ние (и викам)
-А дечко дечко железничката на кај е, бесплатни возови имало за Битола. Ако ме нападни некој да барам милицајци. Да не ме нападни некој.
-Има на секој чекор полиција, плус има доста луѓе, немаш гајле. Оди од тука, само надолу, потоа прашај некој да ти дообјасни за понатаму. Ајде поздрав
-Дечко дечко, животот оди понатаму така е , така е ? Мора да живејме.
-Така е, животот продолжува.
-Добро добро, поздрав, чао деца
Фативме таксиот и да не нема. Чудесија од завршеток на уште една пивофестовска вечер во која единственото поминување низ чаршија ми беше кога порачувавме за јадење и кога купивме за пиење. Ни Халид, ни Данајела, ни ништо. Максимално кулирање зачинето со чудесија од човечко битие
А да, уште се тријам на фацава со сапуни.