Времето си проаѓа и тоа бргу. Па мислам дека вчера беше нова година, а завчера први мај... Затоа треба чоек да ги остави настрана сите проблеми и да ја користи секоја можност за слободно време во комуникација со луѓе, пошто следниот пат коа ќе се разбуди ќе биде постар но и посиромав. И постар не само за еден ден, него и посиромав за шансата во која се пропуштиле толку нови пријателства, со убави и фини луѓе. Зарем треба да поминат месеци или години за да седне чоек на едно кафе со личност која порано нешто му значела? Па мислам дека комплексите се поголем адут. Па баш е поинтересно да се комуницира со личност која не си ја видел долго време, само ради тоа што ќе има и тоа како што да се зборува. Кајгана, сепак времето лета и нема простор за многу размислување, битно е чоек да биде исполнет со тоа што е околу него, да посакува и повеќе али да биде задоволен со тоа што го има. Околу другарувањето и нешто повеќе од тоа, најдобро е многу да не се мисли, моментот е go out and have fun! Поздрав.