Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Последните пет-шест дена не можам да земам воздух од шетање, не сум се прибрала дома, се смеам без причина, не сум се скарала со никој дома и за чудо сум пренесувала позитивна енергија.
А јас чувствувам грижа на совест што не можам да ја задржам концентрацијата и да прочитам повеќе од 20стр. од книгата во денот, што си ветив дека ќе ја изгледам сезоната од серијата до крајот на неделата, а јас уште не сум ја ни почнала, што немам време да седнам и да зјапам во една точка и да си ги набројувам маните и недостатоците, да се критикувам и да се потсетувам дека тие среќни моменти се само краткорочни, а меланхолијата е таа што е секогаш присутна.

Или јас не знам да бидам среќна или имам поинаква дефиниција за тоа што е среќа.
 
Внатре жешко, ако пуштам клима ќе ме укочи, на тв цела сезона Supernatural изврте, јас се мачам со апстрактни сфери и рефлексии.

Овие генијалциве или имаат пореметено допамински рецептори или имаат превише секс... :place:
 
Моментално ги симина торенто Декстеро, Цајкано и Небото паднато најновите епизоди, а јас понеделнички работно малку недонаспан, малку ми зуи малку ми бучи од фестивалот и тоа.
Заминаа и охриџанки и скопјанки само ти остана во срцево мое :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 
Кајганче!
Ги испратив братучед ми и братучетка ми, сабајлево ја испратив и сестра ми, се испогушкавме како за месец-два да ќе се видиме :). А мене бе? Кој ќе ме испраќа? -.- . Ај, може е боље да нема никој, да не ме фркне носталгија уште пред да тргнам :).
Се жалев дека деновиве ми е хаос, а не сакам ни да помислам што ме чека денес и утре. Главата ќе си ја изгубам некаде на улица :icon_lol:.
И така :pipi:.
 
Девојката со ајфонот :love: :pos: Кајгано мори,ставам сабајле,одам на терасата и се осеќав како у авганистан да сум ти еам,нема ебан човек,времето недефинирано.....а где сам ја био јуче :D

така ми е....депресија сеа нека ме јаде,јас сум крив шо она има ајфон,и тоа 5ка :D



п.с. ми дади да го "осетам",и чепнав по музиката,знајш шо ? латино имааа (y) :D
пп.с. една е мајка,само она знае како се пречекува синчето,каа шо е редот со 2 литра кока кола и благо :pipi: :cuc:
 
Passed down to you...
Случките што ќе ги опишам, се наредија следствено и имаа еден подлабок импакт на досегашниот живот.

Пред три вечери со ниет за подобар помин, со братучетка ми заминавме за Пераст во доцното попладне. Макар што чекавме 45 минути да дојде некое превозно средство, се решивме да бидеме истрајни кон идејата. Кога пристигна крнтијата од автобус, почнаа негативните слики сами по себе да се развиваат една по една. Тоа што шупакот возеше како да носи компири е минорно да се спомнува за разлика на тој шкарт што го поседува со потенцијална малициозност. Наводно тие рашрафени седишта имаат остри да ги наречам клинци, спремни да ти се збрцаат во месо, недај боже артерија да ти скинат. Guess what... Еден таков заврши во листот, близу до глуждот. Стиснав заби, опсув во себе, излегов надвор (ова се деси при самиот крај) и и` реков на братучетка ми да ми даде марамче и да не гледа. Среќната околност можеби е што не ми беше поткачен некој главен крвен сад. Така гегајќи се стигнав до морето да си ја лечам раната. По успешната интервенција, почнавме да шетаме низ местото (кое патем ми е топ 3 омилени) со ниет да фатам некое извонредно кадро. Коа апаратот почна да ми игра курташак, му немало батерии, сликите биле матни. Ме напизди сериозно. му опсув све до Акио Морита и наназад. Па немавме друго и се тешевме со некаков пијалок што тукашниве милуваат да го викаат Cider. На враќање шуќур дое комбето (да напоменам - комбињата се 10 пати подобра ствар него било кој рандом автобус. На враќање молев бога да не завршам во некој амбис, пошо типот не само што возеше брзо него и корнеше на етанол.
Утредента како што се понадевав, отидовме до Трстено (некаде после Јаз). Си ибаа мамата црногорциве со наплаќање паркинг од по 4 евра. Ми преседна местото искрено. За тие пари шо пљачкаат, во грчка боговски може да поминеш... ваљда. Ме сум бил у грчка.
Иначе тоа што се случи вчера беше кулминацијата - затоа што тука бев јас и само јас инволвиран. Со ниет на курташачење овие денови (освен некни кога испливав поприлична дистанца, вчера ме фати јанза да ја истражам другата страна на побрежјето, нормално исклучиво со пливање. Дистанцата не беше како таа претходната, тука беа само километар ипол во еден правец. Проблемот е друг. Некаде повеќе од пола пат има устие од една река понорница која со својата проникливост вбризгува во морето поприлична количина на студена вода. By студена I mean 6-7 степени над нулата со што се формира таков подмукол слој на површината додека остатокот е по 25-30 степени. Нема полошо од тоа. Освен ако морето е разбуркано. Среќа мирно беше. Натаму. Проблемот дојде во рутата наназад. Ко Робинзон Крусо што се јадеше жив за погрешните пресметки на струењата на водата. јас го доживеав сличната епизода. Некаде на пладен задува маестрал (кој оди спротивно од правецот накај дома) и се формираа оние глупи нееднакви бранови. Проблемот е што ме фати во моментот кога бев кај устието. Чарето беше ако одам накај брегот, го фаќам ризикот на ишијатикус од 10тина дена - реката. А мора човек да плива во длабочина за да ја заобиколи. Изгубив поприлично време борејќи се со брановите, пеејќи си ја песната Whole lotta love од Zeppelin и мислејќи на последните часови на Jeff Buckley.
Стигнав 2 часа подоцна. Се тресев ко епилептичар и си реков дека никад више не праам такви ексцеси .

На жими таквото никад више.

Него глеам ме барале за рецензија на една од моите најомилени книги. Ќе ги почестам најверојатно до вечерва.

So says Saladin
 
Мајка ми ми запнала да ѝ родам внуче. Ај да го оставиме на страна тоа што јас ни малку не се чувствувам подготвена за деца... Како да донесам невина жртва во овој свет каде владее омраза? Свет во кој војните, расизмот, нацизмот, класните разлики, претераната контрола од страна на власта, верскиот фанатизам... се нормални појави...?
Место каде мирот ќе му биде нарушен поради парче хартија, која некој рекол дека треба да има вредност.
Зошто да створам нешто кое ќе биде осудено да расте во загадени средини, да пие загадена вода, да јаде генетски модифицирана храна и/или месо напукано со хормони?
Како да му објаснам дека брзата храна и чипсовите се тивки и бавни убијци на неговиот организам?

А што е со воспитувањето?
Како денес да го научиш детето дека смартфон, таблет и остали срања не се неопходни, без разлика што сите деца ги имаат?
Како да му укажеш дека да се ебеш на 14 години не е кул, иако многумина го прават тоа и го исмеваат дека е заостанато ако не сака да се вклопи во друштвото?

Милион прашања на кој никој не ми дава одговор, само се поставуваат услови и барања, за случајно да не не се вклопам во нивната слика за идеален живот. И зошто воопшто мора по секоја цена да се репродуцираме? Зарем не сметате дека има преголем број на луѓе на планетава? Зарем истото тоа не го нарушува балансот?

...
 

Pusimo dane. Dane i dane, i kad svane,
kad iluzija stane, gledam svoj zivot sa strane i mane
-suvise moje da bih im se sad odjednom cudio...
Poricem sve! Previse sam se trudio da bih se sad probudio!

убав ден денеска, се рашетав малку... 24ти правец дома... од дома валда на работа пхахахаха :D
 
После она што го видов вчера ќе кажам само, жал ми е за Скопје, особено за неговиот ноќен живот. :(
 
Кајгано
Oсеќам се како да живу у албум за самолепливи сликичиња.
Цееел град ми е испошкртан сс фудбалски амблеми,гробари и делије, јао јебове (шпау фејспалм толик кајгано)
Од миљон златни клубови они нашле за њима да навиваф
нек навиваф , ама којкур ни га испошкртасфа град у црно и црвено, Куманоо е плаво !
 
Секоја година ме извлекуваат овие од Јупитер, и годинава пак добив гратис одмор. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Му кажав дека имаат грешка, заѕвониле на Марс. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Драга кајганче па кај си ти :love: :pos: од кога сум на одмор ептен се тргнав од тебе дали на 10 мин ќе се уклучам ајде ајде мора малце вака одмор е лето е мора малце да се излегува :cool: Иначе фала на прашање добри сме ... а и да ќе заборавев знаеш што од љубоморни личности, себични, користољубиви бегај ! иначе си се заебал до на век. :)
 
Д.
сите со нетрпени го очекуваме кралското бебе. Ајде Кејт ти го можеш тоа, ајде напни....... :unsure: замисли која пара ќе ја земе гинекологот што ја пораѓа...........
а оние луѓето што се пред болница ако имаат грам мозок ја еве. застанале од 6 сабајле со играчки, балони и очекуваат да се породи Кејт секој момент, а таа кутрата цел ден се пораѓа.
и сеа баш читав дека само пред 3 месеци го смениле законот за што и да се роди прво тоа се да наследи. досеа било само машки наследници, а сеа и девојче да се роди тоа се ќе наследи, па чак и ако има помали браќа.
ако се роди девојче нема појма која среќливка е таа. (y) три месеци пред да се роди еј, се се менува.

п.с. по малку си се спремам за на одмор..... и ја да се пофалам.......:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom