Драга,
Абе се сеќаваш на тој колоквиумот за кој се жалев дека нема да го поминам?
Епа, го поминав!

Пак да напоменам дека среќата воопшто немаше врска со тоа, скапав учејќи последниот ден, толку за сите претходни 2-3 дена не читав, мозокот ми пукна!
Али се исплатеше, не ми е мака бар.

И тој третиот го поминав, т.е супер го поминав, али добро, беше мал и се што прочитав веќе знаев од претходните предмети.
Последниот не го ни учам, доста ми се три Кајгано, да не се преоптеретам многу после за вторите колоквиуми.
Друго ... Скоро никој не можам да си најдам за друштво, сите уште полагаат, некои си отишле пак дома, колешкиве учат за последниов колоквиум, само јас си се луфтирам. Заслужив па ...
Инаку, вчера и некни испив 3 Бруфенчиња, оти мускулите не ме болеле така, т.е цело тело не ме болело така уште од кога памтам за себе. Едвај одев, шта да ти причам ...
И не, не трчав маратон, шетав, али не е од тоа, не вежбав, бар не стандардното вежбање ...

Форумов е и за под 18, да не излезам безобразна, сама сфати си.
Бабај, Кајги.
