Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Тргнав да пишувам еден тежок пост жолта, али сфатив дека не можам да го доловам моментот.

Сезона 4 , Хаус , 15та и 16та епизода.
 
Прво го отворив ова и бев :eek:o_O

Па потоа ова и бев :tapp::tapp:

И си реков дека тоа е тоа, дното е постигнато. Но, отстрана ми излезе ова

:cuc::cuc::cuc:
Отидов во Чиле да барам работа. :busi:
 
Д,

на времево, не ни има ладна земја која би ме проголтала.
Затоа толку живото-загрозувачки одлуки носам што збунет сум како уште сум жив последниве 3 недели. Идиотски е чак.
Т.е, идиотски е од старт.
Тажно е што се тешам со фактот дека има луѓе кои носат уште полоши одлуки.
Не исе тоа, и сладолед доста паѓа деноиве. Неможам да се пожалам дека го трошам летово за џабе.
Чак и две лубеници отидоа, на место ми е душата.
Него ,кајги.

отидов.
 
Денес поштарот ми носи дебел плик од Австралија пратен по брза пошта.
Си реков се смилувале дијаспорциве после толку години и пуштиле некој денар.
А, внатре отварам, покана за роденден -.-
И уште ми пишува
included : accommodation
not included: flight, food and drinks

Шта речи,а не заплакати
А, да пред 10тина години ни резервираа карта, само требаше да ја платиме :rolleyes:
 
Ди Кеј,

На брат ми му стига покана за суд, зошто не платил казна за поминување на црвено и воедно одбил да потпише. Тој всушност поминал на рано жолто и не му ни кажале дека ќе му пишуваат казна, кога му земале документи за наводно редовна проверка.

Е зега, тоа се случува во септември месец минатата година а поканава му стига пред недела дена за денес да се појави на суд. Оди тој на суд и дава изјава пред судика во која покрај тоа што напоменува дека нема вистина во тоа, бара и да се соочи со службеното лице кое му пишало казна, при што следи реплика од судиката „Вашето барање е забележано и воедно моментално одбиено за соочување со службеното лице, но немој да се грижите, ќе бидете казнети под лесни околности и возачката најверојатно нема да ви биде одземена“.

Ти доаѓа дома покана да се појавиш на суд дека си истепал некој пред пола година и ти викаш „добро, дајте да го видам лицето кое сум го истепал“ и они ти викаат „не може, али си го истепал“.

ФИРОМ!
FYROM!
جمهورية مقدونيا اليوغوسلافية السابقة
前南斯拉夫馬其頓共和國
മാസിഡോണിയ
 
Госпожа психолог,
Ај убо разбирам да брчиш кола сабајле зимно време и да е ладно и да е стара и сфе.Ама некој морат да е попаметен.Во 12 и пол навечер.Теши се со Сарказм, бикоз килинг пипл ис илигл.
Друга причина за неспиење е дека имат осумсто степени надвор и џабе ти све и прозорци и врати.
Станвење во 6.
Фала, благодарам и јас кај вас.
 
Леле времево, абе зоврев, фали и гаќиве што ги носам на мене да ги соблечам... Златна зима , кога ти е ладно ќе се покриеш под јорганот, додека ако ти е жешко ќе се отскријеш. Периодот Јуни-Септември ми се... уф, ај да не зборам поарно.

:jajce:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom