Шое ма драга.
Станав околу осум саат сабајле. Од осум ипол бев на предавања. На време бев. Спиев до кај 9 ипол додека траеа. После до кај 2 и нешо у лабараторија. Мерења, растворувања, вагање, а у, нозите ми цркнаа. Си тргам накај дома, си викам ај со автобус. Се качувам така прегрбен, умрен за спиење и јадење, автобусот преполн со прекрасни рандом пензионери со кесенца и си лафат. Едвај купив билет, го куцнав и така на една нога стоев до вратата.
Нели ние студенти сме, иаме пари, млади сме, океј е.
Ај спаднав, тргам накај студентски и прво до мензата да јадам нешо. Стандард чекаш пола саат ред за деликатесно пире во прав кое не си сигурен дали можеби ти е последното шо го јадеш.
Ама океј е, студенти сме, млади сме.
Влегувам у мојот блок, го глеам управникот нешо се расправа на телефон и шитка отпушок пред рецепција. Стискам лифтот да дојде чунки до 11ти ваков жими кур пешки да идам. Нормално, од два потенцијални еден работи, а го глеам и овој се заглавил, или па го изгасиле. Пешки до горе..
Ама океј е, студенти сме, млади сме.
По пат уживам во барокните уметности по ѕидовите кои влагата доста професионално си ги одработила. Алал. И по некој скршен прозор. И врата.
Стигам до соба, среќен, отклучувам врата и лупам силно четири пати бидејќи е заглавена нели. Безбедност. Најбезбедно е. Ја отвараш и ја оставаш отворена едно пола саат пошо нели, зашо да функционира прозор коа може и да не функционира. :S
Седнувам на исчофканото железно столче, на кое прекрасната потпирачка е малце на лево, ама тоа е дизајнирано за у случај рбетот да ти е на десно да ти го оправи. Океј е, студенти сме, млади сме и да се искривиме, шо?
Го пуштам лаптопот и слушам џагор од вецето, водата која капе од вентилот како прекрасен планински извор, без престан, без пресушување. Импозантен звук! И атмосфера!
Ама океј е, студент сум, млад сум лесно се навикнав нели.
Отварам на интернет да видам шо има ново за кратко.. и шо да видам.
Владата ќе инвестира во студентите 1.5 милиони евра за кинески таблети! Wow! Адреналин! Ми се повраќаше дури од возбуда, излегов у влез и урлав. Сите студенти шо бевме таму урлавме од возбуда и среќа!
После урлањето, си легнав внимателно на креветот, пошо не си сака нагли движења, стар е, не е како мене. Си полегнав и ми текна кај стои концентрираната сулфурна киселина во лабараторијата. На здравје!