Си се раскомотил на две седишта, на едното ти, на другото целиот твој багаж. Влегуваат луѓе на станица и седнуваат на различни места. Последниот од нив не гo ни регистрираш, а после десет секунди слушаш глас:
- Извини, слободно е?
Учтиво велиш да со насмеан лик, а во себе си најлошиот човек на планетата во моментот. Го мразиш гласот, многу го мразиш. Но, го слушаш повторно:
- Сакаш бонбона?
Веднаш работите стануваат подобри...