Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Тастатурата на Шумеча. :D
30248045-Think-positive-button-on-keyboard-with-soft-focus-Stock-Photo.jpg


Не познавам некој друг шо виртуелно шири толку многу позитивна енергија. :)
 
Koлку треба да си глуп да веруваш дека мавање шамари на човек што само го потврдува стереотипот дека торбеш е предавник по професија ќе имало силен импакт кај народ, а камо ли кај членство на одредена десничарка партија. Дека рушење муџо згради на докажано туркофилче и човек кој си го продаде племето на учки за бизнис интереси е грев.
Не, не е.
Заради него и такви како него ја губиме Струга. Од такви како него нашите дедовци скриени по шумите биле кодошени на турци, мачени и убивани. Од такви како него имаме отворена рана која уште ни крвари по западните делови на државава. Не зграда, не универзитет, се да му срушат, единствено ехо од народот ќе биде аплаузот, оти врз коски на наши предци некој гради палати.
 
На телевизија: Политичката криза во Република Македонија.............

-Кај се слушалките, кај се слушалките.......Ете ги.

Мршшшшшшшшшшшшш!

Пушташ и то е то.
music.gif


 
Кајги,
прво, морам да ти се пожалам дека мене дома ми е ускратено уставно загарантираното граѓанско право на слободно изразување на мислата. Имено, само затоа што имам различни ставови од моите не ме ни ислушуваат до крај што сакам да кажам. Ама јас си продолжам да зборам, направам ука бука, се испокараме набрзина и дебатата е завршена по скратена постапка...

Иначе, прееска дојде попот да крштева вода и од шо се брзаше да заврши шо побрзо ништо не му се разбираше, дури ни зборовите цели не ги кажуваше, за 1 минута заврши, ама за тоа толку и пари доби... :icon_lol:
 
Драга Кајганче

Те запознав додека бев на работа и верувај ми,тоа е најдоброто нешто што ми се сличило последниве неколку месеци.
Ти ако не си работниве 14 саата ќе ми бидат десет пати попекол од самиот пекол.Колку само се навлеков на тебе,толку бргу ми мине времето со тебе...:love:
Штета што нема кај да го полнам телефонов.
 
9000тиот пост....
Кој би рекол поминаа нешто повеќе од 8 години тука.
Би сакал многу да пишам, но краток сум нешто со зборови веќе подолго време, освен за нешто ако е суштинско и моментално. 9000 е долга цифра. А 8 години уште подолга.
So says Saladin
 
Дикеј, ги гледам сите се фураат за колоквиумов утре. Немало да спијат, пијат енерџи, литро кафе, орео и чипс до нив, по 2/3 билобила, шта ти ја знам. Ја дур учам само нокти грицкам, ништо друго.
 
Кеј,

Од понеделник е бетер само вторник.Како и да е, денов и го посветив на класната и земав да ја препрочитам Клетници од Виктор Иго.Книгиште у пичку матер.Таа и Демјан ми се најдобрите книги што ги имам прочитано некогаш.Се сеќавам колку бев размазен и никогаш не бев се зачленил во библиотека.Книгите ги добивав од класната по претходно склучениот договор со нејзе поради мојата незаинтересираност во првата година од средното образование.Во замена за тоа требаше секогаш да ги читам книгите 3 дена пред да се обработуваат и да направам осврт на случувањата.Поезија не засакав никогаш, штета има убавина и во тоа.Читајќи ја книгата приметив дека сеуште ја имам добрата кондиција за читање книги.По 100 страни на саат.Нема врска забегав.Кој не ја прочитал книгава ви препорачувам во најскоро време ако ви е досадно и не знаете што да правите да си ја прочитате.До нареден пат жолта, ме ќине кичмава.
 
Помислив да си купам боксерска вреќа, или како чичко ми на времето обична вреќа полна со песок :icon_lol:. Тоа сигурно мора да болело на рацете, немаше ни нараквици, а сеќевам како ја тепаше тоа вреќата со голи раце моќно изгледаше :icon_lol:. Зошто да не кога можеше тој зошто не и јас, само на почеток треба да се внимава на повреди ова она потоа ќе се навикне телото, се е навика :icon_lol:.

Ќе си легнам сега, па песница приспивна...

 
Умот ти е кревка работа. Треба да си бил храбар барем тие 10 минути да се решиш на таква работа иако знаеш дека си оставил жена и 4 малолетни деца.

А што се тиче до мене, ни на погреби плачам ни на свадби се радувам :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom