Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга...многу, многу ме разочаруваат одредени личности кои ги сметав за блиски...Не знам што друго да додадам освен тоа дека ако сум таква - повлечена, тивка, како што некои коментираат ...сето тоа има причина и позадина!
 
Драа, да има повеќе коментатори како Вишкович, телевизорот би бил подобар предмет за гледање фудбал
 
И порано имам кажано дека ептен ги сакам деновите кога на најмалите внучиња им давам колети и играчка. Тие мигови на детска радост и насмевки, се едни од најголемите убавини кои можат да се најдат во светов.

И ајде се договорив со братучед ми на заминување, јас да ги однесам ноќва да спијаат кај баба им, оти утре на работа ќе оделе братучед ми и жената му. Па ги качувам в кола нешто на кај 23 часот, па им пуштам музиче (Crippled black phoenix беа на цедејката на ред) и тргнуваме. И ми вика машково кое има 4 години:
-Бато Аце (не ме вика чичо, бато ме вика), ја имаш Мини мини макси да ја пуштиш на цел глас дури одиме?
-Не му викам, ова не ти е уба шо свири?
-Не-ми вели. А ја имаш Ломи ломи?
-И таа ја немам.............-му викам. Ај ќе сменам нешто повесело (и ја пуштив ова) Чини му велам?
-Даааа и почна да лупа по задното седиште ко да свири на тапани. Ги свртив некое кругче и ги однесов кај тетка ми.

Еве сега проверив шо песни барало детево, и двете турбофолк шо му ги пушта татко му да ти бидат:D Изгледа треба почесто да ги возам со колата наваму натаму.

Кога стигнавме ме гушнаа за нога и не сакаа да се одделат и да влезат внатре. Се договоривме утре да ги земам и да шетаме. Пуфчиња мали душести.

п.с по 3 минути појде ногата од Спајдрмен (рекорд веројатно, оти обично за 1 минута се крши играчката) :D
 
Еве до кој левел сме моментално има тема тазе отворена кој гласи ''Сочна пцовка за членот над тебе''

Еден член пишал - '' Да те ебам у курето''

Само сакам да кажам момци горди сме на вас УСПЕАВТЕ.
 
Си седев вчера со другар и муабетиве.
- Замисли сега да почнеме да патуваме низ времето.
- Еј да, оди ти 50 години наназад, јас ќе одам 1000 напред (ова демек јас сум)
-А што, сакаш да кажеш нешто демек јас заостанат сум па ајде назад нешто ова она?
-Не бе човече еве оди ти напред јас ќе се вратам назад.
- Аааа 1000 години да одам а. Да ми се падне некој крај на светот па сам да си седам. А што ти демек назад па 50 години. Ене ги кај се 50 години, а 1000? Па којзнае кои страшни борби ќе се водат, може војна ќе има со некои марсовци. Што ќе правам јас а?
- Ок ајде еве кај сакаш ти оди, јас тоа што ќе остане.
-Сакам 50 години назад да се вратам, овчар сакам да бидам.

Мажи :toe:
 
Драгана,

Не да мислиш оти ги поддржувам Анима Д(М)унди, ама конкретнава слика си вреди не 1000, 1 000 000 зборови!
12049338_1030677913638512_630933212674496422_n.jpg


Реално ги има многу вакви. Чуваат куче. На синџир ама битно чуваат куче. Какво и да е. Е вака НЕ се чува куче! Разбирам да е агресивно , во ред си постои закон со кој МОРА кучето да се шета врзано и по можност на "њушката" да има и корпа. Но во двор врзано? Kоја е потребата?
 
Нешто што највеќе ме нервира е кога некој од кафана или журка ќе се јави и ќе ти збори како убаво им било, направен лом бил, сега ќе мувал нешто или пак ќе ти ја погоди песната, а ти од оваа страна ќе треба да ја слушаш како дебил и наводно да викаш браво, бр.1 си, тоа е живот и други глупости. Единствена поента на ваквото јавување е да си се пофали човекот дека е искочен, друг изговор за ваквите повици не гледам.
А и послем ќе се жалат дека го изгубиле телефонот. Па наместо да си се посветат на друштвото и атмосферата они сами ги чепкаат телефоните и послем не приметуваат или не памтат кај им се. Затоа ја кога искачам телефон не чачкам, само приметувам дали на крај е во мене и дали имам нешто повици.
 
DRAGA...kolku da znaes.ili da se setis,po citanjevo vo koja drzava si...ete taka.
-------------
Како функционира државата? (ова нашата де)
Си седел еден наш цар од сегашноста на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“
Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.
Му се пријало на царот наш сегашен од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“
Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Министерот за транспорт и врски го викнал помошник министерот од коалицијата и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за нашиот цар.“
Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата од владејачката партија и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Шефот на стражата викнал еден стражар близок со заменикот за здравство и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“
Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“
Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“
Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“
Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“
Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“
Седи нашиот цар на тронот во престолот на Водно и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.
НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom