Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Го глеав Спотлајт и имам толку многу бес, омраза и гнев во мене...
Уште си стојам на ставот дека црквата е огромно зло кое му се има случено на човештвото. И одма да потенцирам дека зборам за црквата како институција, а не за религијата. Секоја религија е добра и во глобала промовира мир, љубов и толеранција. Ама црквата е гнаса.
Иако е филм ипак Спотлајт е супер ствар за да видиш како фунцкионира црквата.
Црквата е таа што од една страна ни промовира вистински вредности во духот на христијанството, а од друга страна си ги штити свештениците кои сексуално злоупотребувале малолетни машки и женски деца.

Па со кој образ таа црква нас ни кажува како ние да живееме и по кои вредности треба да се водиме, кој е Исусовиот пат, кога таа црква прави вакви гнасни дела ?
Толку време да прогледуваш низ прсти на стоки што злоупотребуваат деца, да ги преместуваш од едно на друго место како ништо да не било и да им дозволиш да продолжат да го прават тоа што и до сега го правеле ?
И кај кур е таа држава која треба да е секуларна и која треба да ги гони ваквите кривични дела независно од тоа што се работи за верски лица ?
Нели го имаме одвоено религиозното од цивилното општество ?
И ова што го знаеме е страшно, а замисли што се може ние и не знаеме...

Некој ќе рече „тоа само католичката црква го прави, ние православните не праиме такви работи“. Жими ашима шо не се прават тука такви работи !

Нели тој Качавенда или како и да се викаше го фатиле како злоупотребува млади деца ?
Шо се случи со него, осуден е, ослободен е, се заташка тоа ?
Сеа брзо пред некое време мислам слично нешто имаше и за некој грчки свештеник што го сликале за време на неговите перверзии.
Што бидна па со тоа ?
И тоа папала маца ?
За кој кур се новинарите ?
Или само една вест ќе напишат и тоа е тоа ?

Нашава МПЦ пак беше вмешана во криминалот со Изгрев. Не сум го следел многу тој случај ама знам дека тие браќата беа осудени на затвор, а црквата беше ослободена (не знам само дали од обвнинение или од казна). И тие наши попови што дозволиле да бидат вмешани во криминал нас денес ќе ни кажуваат кој е Исусовиот пат, по кои вредности треба да се водиме и како да го живееме животот за утре да одиме во рајот ?
Како може да си дозволи една верска организација да биде вмешана во криминал. Дури и да биле ослободени од обвнинение, како може да си дозволат воопшто да бидам спомнати за извршено кривично дело ?

Неам зборови со кои можам да го опишам презирот кон црквата. Што е најлошо верувам дека преку ваквото нивно делување предизвикуваат одбивност и кон религијата, а што не треба да биде така...
 
Поглаварот на МПЦ - г-дин Стефан ПИЈАН на МРСНА ТРПЕЗА, за строгите пости
кој знае нека копира и пушти слика го има тука некаде по инт.....
 
Драга,

Се поретко и поретко се наоѓа ОК човек, колку повеќе ги среќавам луѓево толку повеќе ми стануваат одбивни и неможам на некои ни гласот да им го слушам.
Имам еден роднина што целиот живот ни ја наоѓа куќата само кога е во некаква мака, човекот е од ситните шпиунчиња кои и детето ќе си го продадат за да го спасат својот газ или да го поминат месецот без работа. Последниве месец и пол ми доаѓа дома на секои две недели, доаѓа бидејќи е во мака и е свесен дека можам да му дадам совет кој моите колеги го наплаќаат доста дебело. Барајќи од мене помош денес низ муабет ми кажува дека купил скапичок производ од „Х“ фирма и продавница и го фали како му се погодил, како ефтино го зел и ме советува да си го земам и јас. За истиот производ сум слушал многу големи поплаки и многу негативни муабети, па изиграв малку шах со малоумниов и одоколу го натерав да се исплачи, па после фалбите си кажа како и самиот го има проблемот со тоа што го купил и како два месеци оди во продавницата и бара да му го вратат на рекламација. Е ради ваквите ми станува светот се поомразен, ради ваквите се оддалечив од роднините и го стеснив кругот на пријатели и луѓе со кои комуницирам, сељакот бара помош и сака да му спасам преку 4000евра со професионален совет кој чини над 600 евра во фирми со моја струка, а истовремено ми забива нож во грб. Епа ќе се еби во газ за ова, од денес официјално влегувам во војна со сите тие паразити на опшеството и ветувам дека секој што ќе ми излезе на пат од таквите ќе го изгорам по џебот најдобро што можам, а комшивката што ми дреми под пеџерево секогаш кога нешто разговарам дома, деновиве ќе крка ice bucket chаllenge на глава.
 

-
драга, па КОЊИ имало во ова Скопје и пред тебе да те запознаам а и пред оваа влада,
еве ти и доказ,затоа што и многумина на го знаат ова,а коњите се од двете страни на
Камениот мост, тоа белата зграда во далечина е Пасажот пред Дрвеното мовче,
а ова лево здание малку што се ѕирка е тој Офицерски,сега што то го прават со скали.
Сосем десно преку Вардар е народниот театар,во кој сум бил,ама во реинкр.?....не.
---------
Аха и ова е важно...сите поробители-окупатори на Скопје си се нарекувале Ослободители.
 
Kajgi
Dobro,so e problemov so vozduhot nadvor? Ne se disi od sto e zagaden!!! Kako zivee narodov be? Site ke izumrat...cccc

Drugo so me maci e glavobolka....prviot pat si vikam aj promena na klima.... drugiot den bev da mi baat I mi pomina- ok ima logika,,,se vidov so sekakvi lugje pa sansite nekoj da me urocil makar nenamerno se golemi. Pominaa 2 dena I glavata pak me boli....vo megjuvreme pravev zdravstvena proverka (posto mi e eftino tuka vo Makedonija) na krv,mokraca,tiroidna zlezda,uvo,nos,grlo,oci---rezultatite se co red
I sea,so da pravam so glavata? Da ja masiram,da se trovam so apcinja ili da ja tresnam od zid?

Uste nedela dena sum tuka pred da se vratam kaj ciganite I se nadevam deka nema da crknam od zagadeniov vozduh nadvor mame mu jebem!!!

Cao Kajgi
 
Античките патриотишта цел ден ќутат како пизди во медиумите и по нетот за бугарите што маршираат по центарот на Скопје. Не сум изненаден додуша, тоа се сепак нивни браќа и идеолошки другарчиња, заедно си го сонуваат царот, седумите мориња и сан стефано.
 
Си доаѓа човеков дома мртов уморен од работа, ме начекува мене со гаќички на глава како пијам пиво и гејмам, АМА како добра домаќинка претходно му спремив вечера и го светнав станот. Да нема лице да ми пререче нешто. :icon_lol:
 
К, дали Гаро е новата Благица Павловска? grao.PNG blagi.PNG

Вели му дошло инспирација да нацрта нешто убаво, некој неодреден лик. Луѓе, а бе и мене ми иде да летам авион ама не можам и не знам.


Леле па сега заприметив и дека пишал разДУбив место разБУдив... готовооооо :aplauz:
 
Ваква параноја те нема тепано, 100%.. Аууу, шо е ова бе. Ко да ми закачил ган некој на спиење.. Ме јади анксиозност, се тресам целиот, ме боли стомакот ама онака, кога имаш потреба од нешто, како зависник. Како да сум голтнал жилет кој ме сечи со секоја моја помисла, емоција и размислување. Некој пост тука над мене ме потсети на ,,Времеловот‘‘ на Велс и како ликот стигнал на крајот на светот каде имаше само 2 џиновски ракови, мислам дека беше така..
Сега имам нагони да прочитам се од Жил Верн..
Туку, интересни ми се муабетиве за луѓето како Нострадамус, ете Жил Верн и Велс, мојот почитуван идол и бог Орвел, дека ја предвиделе иднината и технолошкиот напредок на човештвото.. Настрана од политичките, анархистичките предвидувања, целам стриктно кон технолошките и архитектонските дела и направи кои биле ,,предвидени‘‘ од овие ликови. Напротив, јас сметам обратно, дека единствено магично и неверојатно во муабетов е капацитетот на имагинација, фантазија и креација на овие ликови за да можат да ги замислат и произведат овие нешта.. А, патот до кој дошло човештвото во практика да ги преслика овие дела е само поради тоа што идејата е вродена од страна на овие писатели, а не предвидена. Како што архитектот припрема нацрти за одредена градба, така мозокот на писателите ја дал идејата за да се замисли и како приказна да се пренесе на лист хартија тој објект, за подоцна архитектот да ја добил идејата со читањето на книгите од овие писатели. Така да, нема потреба овие ликови да се нарекуваат предвидувачи, тие се само генијалци, генијалци на замисла и креативност.
Или не...
Ох, а до кај бев јас.. Не знам како ќе издржам јас, тешки кризи се ова хаха.. Моментално како глуждојте да ми се распаѓаат, а стомакот константно ме боли.. Како со хилта замрзната да ме бушат во глуждојте. По,по,по..
Dead men tell no tales викаат Cypress Hill.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom