Има три
клише моменти/сцени од филмовите кои секогаш сум сакал да ги направам лично, а уште не сум ги сторил.
1. Легнуваш во кревет каде што сопругата/љубената веќе чита книга на светлината од столната ламба. Дури она сеуште чита ти гледаш кон таванот и започнуваш некоја филозофска тема на разговор или дешавка од денот која не си стигнал да и ја кажеш на вечерата. По разговорот, она ја остава книгата ја гаси столната ламба, се бакнувате и заспивате. Ова го замислувам во веќе средновечни години, јер во помладите сигурно ќе правите нешто „друго“ место да разговарате пред да си легнете, хехе.
2. Втората сцена е една од убедливо најисклишираните. Утро е, се симнуваш по скалите и одиш во кујната каде те чека пребогато зготвен доручек, со сите од семејството седнати на маса како доручкуваат. Ти одбиваш да се најадеш ко човек од трпезата, туку само земаш едно парче кекс, го пиеш/сокот млекото и заминуваш. Под изговор:
Немам време, се брзам, доцнам!
3. Третата, е да влезам во такси и да му речам: Следи ја колана!
Не дека нема други филмски моменти кои сакаш да ги направиш/имаш, али овие три се убедливо најголемите клишеа, кои кад тад и ќе ги направиш.
п.с. Ова ми е 17.000 мислење на форумов еј! Седмунаесет факинг иљади постови. Многу е тоа.

Сигурен сум дека едно 10.000 од нив се напишани во подфорумите за спорт и филм/тв. Пола се заебанции но има и неколку постови што дури и ги паметам затоа шо сум ги напишал со посебен мотив и концентрација. Најголемиот дел се напишани веќе одамна кога се имаше повеќе слободно време и се минуваше повеќе време на глобалното село наречено интернет. Но и тоа село здосади, а и се порасна веќе, но сеуште го посетувам местово еднаш дневно, нешто ко читање на весник. И стандардно првата љубов, темите за спорт секогаш кога има значителни спортски настани и темите во филм/тв кога има актуелни серии, а имам време за компјутер.
За скоро се во животов, па дури и за ова сум со став: квалитет > квантитет, али морав да си го одбележам јубилејов, живели!
