Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дојдов до креветот и седнав на крајот.Усетив дека Мино (веројатно се работи за дедо ми Мино)лежи издолжен
настрана,свртен кон мене - „ Зарем не се чуствуваш добро?“ - го прашав.
- Одлично се чуствувам.
- Да не си заморен ?
- Не , не сум.
Очекував нашата средба да биде поинаква,се наведнав кон него и тивко го прашав:
- Што сакаш? Сакаш да спиеш.
- Не.
- Сакаш да останам со тебе?
- Да.
- Сакаш да легнам и јас?
- Да.
- Сакаш - го прашав туку така - да имаме полов однос?
- Да.
Тој одговор ме изненади, зошто како што веќе реков,тој всушност никогаш не беше расположен да ме љуби. Многу се возбудив и додадов со нежен глас:
- Ја сакаш ли љубовната игра со мене?
- Да.
- Дали отсега секогаш ќе ја сакаш?
- Да.
- Ќе бидеме ли отсега секогаш заедно?
-Да.
- Не сакаш да го запалам виделото?
- Не.
- Не пречи, ќе се соблечам во темнина.
Зафатив да се соблекувам исполнета со опојно чувство како да сум извојувала полна победа...
----------------
Рсплет кого го интересира што понатаму во врска со љубовта сака да ви каже Алберто Моравија во Римјанка стр.399.
...................................
ете, де што читав денес, доста беше за партизаните и старите скопски маала,ај отидов да продолжам,иде најинтересното (ајде дедо рипај).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Ма,
многу мразам телевизии што филм даваат на еден волумен, а рекламите на трипати појак. Вибам аматерите, цел рипам од стол кога ќе дојде епскиот десетминутен маркетиншки блок.

а од друга страна ме мрзи да си напраам/да барам како се прави звукот у влц кога гледам филм, пукотниците 3 пати погласни ми се од разговорот, а со оглед што мора да подесиш волумен доволно да се слуша муабетот :busi:
 
Го имав еден од најкрипи соновите ever сонувани.

Имаше како две банди во куќава. Едните 2-3 души беа и седеа в када. Другите, исто 2-3 седеа во детскава. И сега овие шо седеа во детскава беа лошите, знам имаше заебани ликови, со долги коси, така језиви, со грди црти на фацата. И јас ко некој ,,модератор" на забавата, одам од детска и го носам еден батка онака за коса во вецево кај другиве да го истепаат. И шо се дешава. Овие го тепаат го тепаат, абе крвој, пуздер го направија, и потоа го легнаа в корито, веднаш до кадата. Онака го погледав некоја минута, се стопи сиот, како јагне без влакна стана. И по некое време почна да пушта крици чудни, некои језиви ко онаа од Егзорцист филмот. И наеднаш му се врати тоа долгата коса и почна да се изобличува во фацата. И цела крвава му стана. И едно време скокна од тоа коритото и им се фрли на овие 2-3цава в када шо си седеа и почна да ги јади. Абе вампир стана у пм тепаниов. Јас така трт трт, со трчање долу ја отворам поратата, ја вадам колата, го спасувам песот мој со то шо го качувам назад на седиште, па ѕвонам на ѕвонче, па мајка ми излегува на балкон и и викам-Женооо, викај го татко ми и долу слегувајте оти во вецето има вампир. Ова ми вика-Не те слушам ништо викни погласно. Абе како да викнам, ќе ме слушни, брзо слегувајте со татко ми долу, одма! И слегоа ко за некое чудо, додека баткава ги кркаше другиве (инаку гнасна фаца у пм, врколак/вампир со долга мрсна металска коса). Влегоа во колата и заминавме, се спасивме.

Муабетов ми беше, ги мразам соништава вакви оти се ептен нереални. Пример татко ми вчера ми рече земи тури бензин во колана нема (ако сакам да ја возам пример). Јас му реков дека пешки ќе прошетам и дека нема да ја терам. ОД КАДЕ БЕ СЕГА БЕНЗИН ЗА ДА ИЗБЕГАМЕ СО КОЛАТА ВО СОНОТ А? Ебати нереалните соништа ебати.
 
Последно уредено:
Одвај цицкалникот за тетката да го погодиме :icon_lol:, понекогаш си имам слатки проблеми со ова жениве :icon_lol:.

Жежи многу а во 5 ќе одам на едно место кај што многу ќе жежи и многу ќе смрди, ќе иди и М. а да ги прислушкува некој разговорите наши на мобилен има да се мрдни, се јавува да сум ја прашал кај и е оставен пиштолот, а пиштолот тој си го скријал пред да заминат на одмор, викам уште тоа фали да го загубиш, а го најде после. Еднаш имаше една случка креветот го преместувавме во другиот стан и одам јас да фатам една страна и вика Полека свате за цевка да не се фатиш, нема викам никаква цевка тука (мислев на водоводна) тука е под кревет го извади во футрола...

А инаку сум измедијирал примирје при опасна кавга, можи и олеснувач да ме завикаат :icon_lol:. Сериозно опасна беше работата ако не застaнев јас помеѓу нив двајца лошо ќе беше...

 
Драга и ја го сонував најчудниот сон во мојата сонувачка кариера. Не е можно бе, на почеток си сонувам како ебам у кола, па продолжува со тоа како возам камион, за на крај да заврши како ме преѕвериле илегалци сред ноќ на пат кон дома.
Ти добра?
 
До вчера измеќар, ај да не сум копиљ да не вреѓам, до вчера рмбаше кељнер сеа по некоја година ајван прав се сторил. Замина со еден пингвин Аустралија и сеа евој ми ти го сеа дојде назад после некоја година со тро поќе париња зш од та штурата татка и нејзин бил некој жабар со некој долар плус, кур се тресе во ладна војца.
Неам ништо против а и лично се знаев, ама ко ќе удрит тро парата кај овије нашинци асралијанци то ниеден саглам немат, да ти продават мадиња за бубрези и да понижвит негој бивши колеги (викам колеги, односно мисљам на луѓе со професија ил занимање келнери/ки нормално шо не ги знајт).
Супер си е све Кајги, дур не опуљив од спротивнта маса кој паламудит, па добро уз муабет го прибрав и го сторив подолу од лајно, за 5 минути му изназборвав све и свашта ама онака културно, а тој пингвинот саде прашвеше Ват? Ват хани?
По шо следеше реакција, цел персонал и одредени гости почнаја да му се смејат в лице, ифрит љут се потфати да си платит кај келнерот и да си ојт, по шо му го плеснав уш еднаш в лице и му ја платив мизерната сметка му си кажав убај културни зборј за сиојџвење, та зеде тој то сакото штуро и та невестата ташната и право низ врата надвор од објект ајт, а овије натре се смеат.
Нит сум фраер, нит сум фаца, нит сакам да сум, нит сакам да се фалам, а и не ми е неубо, супер се чуствувам после се вчеравечер, ама љуѓево до вчера заборавет кој биле и шо биле дур не ги удрит парата во то глата празна. Далеку од се доаѓаат менаџерот и газдата од локалот по шо ми се обраќаат најкултурно, најдобронамерно ми се заблагодарија за постапката која ја превзедов, веќе 2 вечери со ред доаѓал и изигравал мајмун без основна култура врз персоналот. По шо фино си одговорив "Господине, не ве знам, но овој бивш позаник... по што и двајцата останаја без зборови.
Вечерта ја продолживме во најдобар ред заедно со сопствениците, се понудија и цела наша сметка да оди на куќата по што ги одбивме и се договоривме наердниот викенд да ги почастат нашите двајца гости од страство кои беја со нас. То е то Кајги, сакав само да си кажам, а да и ќе забораев не ми дадоја слободни деној од работа за да одам денес 14ти и 15ти во Сарајево, уууу да ви ебам сортата ваша.
Ај здраво, остани ми со зравје.
 
Одиш на фудбал -> играш саат ипол -> ја испотуваш цела маица -> се враќаш дома -> си удираш туш -> облекуваш гаќи и шорцеви -> и си легнуваш на кревет како цар. И после иде едно од најубавите чувства во животот. :cool:

А тек замисли како им е на спортистите со масажа у меѓувреме.
 
Нема ништо попатетично и потажно од тоа животот да ти е толку нереализиран да мораш да живееш за да бидеш толкав „фан“ на некој (странски, обично фудбалски) клуб , да создаваш тактики да му се секираш кои играчи ќе купеле каде ќе играат што ќе направат во сезоната. Нормално, тоа е обично некој голем клуб со огромни шанси за успех. Како инаку верниот навивач од Македонија ќе ја доживее екстаза кога омилениот клуб од Мадрид, Барселона или Манчестер ќе постигне успех? Па уште честитање едни со други, па нервирање, па опсесии... Да го правевте истото тоа за животот, можеби немаше да ви биде толку мизерен за да морате да живеете за лажно чувство на достигнување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom