Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Оп брц ах штрц
Кока кола ви нуди многу бакнежи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Не сум сигурен, али мислам дека денес ми се деси астрална проекција, при што накратко го посетив Пеколот. Али не тој на Данте, зашто да знаеше Данте за ова место, наместо девет, ќе пишуваше само за овој круг.

Или тоа, или сум се прешалтал за момент во некој паралелен Универзум.

Таткото, мајката, свекорот и свекрвата, со уште 5 дечиња, му вадеа некои документи на првиов; едно девојче кое плачеше зашто мајка му го маваше по глава затоа што ова го бришеше подот со фустанчето и допираше со дланките кои потоа ги лижеше, како да не можеше да го земе во раце и да му објасни дека не треба така да прави. Малце фалеше да и се истурам со сета нервоза, а бев прилично нервозен зашто се борев за голтка кислород и едвај дишев, со залепени гаќи на мене од потта која ми се сливаше по грбот. Си викам ај заеби, и ја не би сакал некој да ми кажуе како да го чувам моето дете.

Малце беше тоа, па се појави уште едно седморочлено семејство, со две доенчиња кои вриштеа па мама мораше да ги вади дојките пред сто илјади публика за да ги смири. Мислам дека во еден момент сакав да и "аплаудирам" за храброста со еден куп пцовки во себе, но пак си реков ај заеби тоа и не е толку страшно како што изгледа, освен делот што решиле да ги малтретираат бебињата на 50+ степени и да ги влечкаат по горештините дури од Шутка.

Ме насмеа една тетка со нејзините пцовки која веројатно имала некој проблем со вадење државјанство, па ја колнеше државата како Авганистанци добивале државјанства, а она не можела иако била родена тука. Сепак, секоја критика за ова државиче е добредојдена, нели. Ама па тој на шалтер, на кого му викаше теткава, имаше проблем да ја разбере зашто и он самиот, најверојатно, беше со тазе македонско државјанство и имаше лепиот проблеми со комуникацијата. Оставаше силен впечаток дека е од Чаир, иако не би можел да бидам сигурен зошто така си помислив.

Завршив работа, си ги зедов документите и бев најсреќна особа на светот што останав на нозе и не колабирав, иако се проколнував до крајот на денот поради некои работи. Се надевам дека до наредна прилика ќе има опција да ми бидат пратени папирите по пошта и нема да морам да го доживувам кошмарот на зградата на МТВ. Не бива вака, ќе насоберам еден куп предрасуди, па ќе ме зборат луѓето по комшии дека сум станал шовинист.
 
Драга колку сум кутар...

Си идам од чаршија тро се поднапив, глеам 3 нотификации (ихиии не памтам кога сум имал последно нотификација, кутар x2) и си помислив таман на некој му се допаднаа моите бистри коментари, али... глеам шо да видам ме надополнувале или безвеза цитирање. :(

Тажно

До немај каде


:'''(
 
Кеј драга моја, љубаван живот ми е прилично прост. Или сам френдзонед како Рос први сезоне у Пријатели или сам на некои тешки искушенија.. :D
 
A видам некоја симпатична девојка ја додавам на фб.
Али да ти имало некои машки што разголената девојка си ја ставале на кавер. :facepalm:
И ми стига порака од некој Никола се знаеме ли, коа ќе видам сум го аднал за пријател :D


Ja не знам какви се овие цимери што ги имам, роденден чека едниот и му викам на овој што е во мене во соба, абе нели му купуваме нешто, еј овој другиот е по тие работи, ама он е излезен ми вика. Помината забавата, сеа викам ај бе утре да му купиме срамота е 5 саати јадевме, пиевме, ми вика не е страшно чим оној што е во соба со него ништо не организирал, не е страшно. :facepalm:
Заштедија 150-200 денари, ај ќе земам утре нешто од Веро шо ќе ме фати ум утре.
 
Последно уредено:
Кајги ваков добар ден одамна не сум имала. А уште не е ни завршен,барем не овде
Слободен ден од работа, сончање на плажа и врвот.. наоѓање на 100 долари на улица, кога ја видов банкнотата од точак ни мене не ми се веруваше шо глеам, се вртам лево десно глеам никој нема оп ајт чао.:vozbud: Идам сеа да купам пиење да ги частам цимериве. :D
Па дури и денес газдата реши да го опраи интернетот, после месец дена Кајги те читам на лаптоп пак. :icon_lol:
 
Јас сум поет
о чудете се ја како го разбирам светот
со досега невидени метафори
и апсурдни зборовни конструкции
со фејсбук и свој блог
затоа што светот не ме разбира
не сум роден за ова време
не знаете јас колку вредам

во превод:
за кур не ме бива
се жалам дека нема работа
а или не знам ништо да работам
или сметам дека ми е „испод чест“
пишувам секакви глупости
на кои им придавам преголемо значење
за да докажам дека јас вредам нешто
само луѓето не ја препознаваат
мојата генијалност
Ајнштајн и Тесла
ама со зборови
а секој истото може да го напише
но не секој има време
и сака да се бламира
и нема попаметна работа
 
Си седам дома 4 саата еве. Заглавен на ЈуТјубот. Секакви клипчина си изнаглеав, а во моментов си уживам со 2cellos. Многу ми е криво што не ќе може да отидам летово до Охрид да ги глеам пак. Ѕверови се батките.

Со мисли бог знај каде сум. Чат пат ќе се провее таа мислата, дека премногу добро ме научиа. Па сеа сите конци се во мои раце. А наместо да го сфатат тоа и признаат, се однесуваат како исплашено куче, само лаат :)

Не знам, што да праам. Дал да играм сеа или после. Би изгубил многу, во двата случаи, добивката е иста. Едино што менува е штетата што ќе ја направам.


Ех ти ебам таа совеста глупа, што ме тера дури и оној што стварно заслужил, да го поштедам.
Ај, ваљда со изгрејсонце ќе ми дојде и решение :D Али во случајов ќе го научам на дефиницијата пази се од тој што ќути, како и да е.

За крај ќе го цитирав Хамлет, али заеби, знаеме како заврши таа приказна..
 
Кајги, другарче ,

Воопшто не ми е добро. Уште денес да одам на работа и утре одам кај шефот да барам 1 месец неплатен одмор . Да си дојдам во Македонија, да се одморам ко човек, иако знам дека ќе слушам разочарани луѓе и политика по цел ден, ама битно под наше небо ќе си бидам.

Не можам Кајги, психички сум уморна , не се издржува . Да му се мочам и во пари , ма се у пичку матер , ако здравје ми е во питање . Не можам да се трујам со апчиња за смирување , уффффффффф ке пукнам од нервози , поради некоја шушумига што направила грешка , само стресови ми прави на работа.


Аманннн !!!!!!!!! :uzi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom