- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Среќата е во тесна корелација со глупавоста, игнорантноста, незнаењето, неинформираноста... Човек на денешно време колку помалку знае толку е посреќен. Колку помалку си свесен за околината околу тебе толку подобро. Една индивидуа треба да знае да ги филтрира информациите со кои на дневна основа е бомбандирана. Што се вели: Ignorance is bliss.
Ние луѓето сме вид на суштества кои живеат за признание. Во оваа држава тоа ретко кој ќе ви го даде, ќе ви рече дека сте во право, дека сте добар, експерт во одредена област. Попрво една вреќа сол ќе изедат одколку да ви оддадат признание. Кај нас признанието се толкува како акт на немоќ, капитулација. Ако признаам дека сте во право тогаш по дифолт признавам дека сте подобри од мене, а тоа во Македонија, земјата на експерти од секоја област ќе го доживеете никад. Еве ви уште една причина зошто многумина се иселуваат од тука во држави каде нивното мислење и знаење ќе се вреднува.
Кај нас мислењето, личниот став тежи онолку колку што тежи паричникот во џепот на оној што зборува. Вие можете да ја говорите и светата вистина, да излагате научни теории поткрепени со факти, ако тој што слуша нема некаква лична корист од вас во смисол: не сте на некаква висока позиција или не сте доволно ситуирани, во тој случај вашето мислење поткрепено со илјадници факти и докази е само прдеж на ветрот, ништо повеќе. Во оваа држава на работите се гледа единствено низ призмата на личната корист. Не е ни битно што се зборува туку кој зборува.
Во потрагата кон подобар живот лицемерието цвета кај нас. Дојдовме до ситуација да човек не може на никого да му се довери. Нема место за слабост тука инаку ќе те згазат во првата прилика. Како животни затворени во кафез со ограничени ресурси за преживување се тепаме еден со друг, правиме сплеткарења, краткотрајни пријателства од корист. Трошиме време и енергија за банални нешта. Однадвор среќна фасада за инат на душманите а внатре, јад и грижи, страв од неизвесната иднина. Тоа сме ние.