Кајги
Се сеќаваш на онаа акцијана на социјалните мрежи од пред месец дена насловена со хаштагот #СегаКажувам #TaniTregoj? Вистинска експанзија доживеа во земјава и буквално 2 недели (додека беше актуелна) жените пишуваа за своите лични искуства на сексуално малтретирање. Оваа акција истотака беше окарактеризирана како главниот чекор во кој што жените ќе го кренат својот збор и нема веќе да потпаѓаат под притисоци од сексуални малтретирања, семејни насилства, и секоја една ќе се бори за своите права во оваа земја. Под хаштагот #СегаКажувам покрај "обичната жена" пишуваа јавни медиумски лица, лица кои секојдневно ги читаме по колумни или ги гледаме пред малите екрани, активист
КИ кои се борат за подобар живот во ебанава од Господ заборавена земја.
Јас лично еве признавам дека бев скептичен кон цела оваа прича, али сватив дека гООООлем дел од жените се поистоветуваат под оваа акција и конечно решиле да си ги кажат маките, па затоа решив да дадам каква-таква мртва поддршка.
Бидна што бидна, по 2 недели помина фамата, спласнаа хаштазите, никому ништо.
Вчера извесен Бекир Асани, член на партијата ДУИ вербално нападнал полицајка која си ја вршела должноста кај комплексот Мавровка. Жената морала да повика засилување од своите колеги се со цел да спаси жива глава од бесниот човек. Многу прашина се крена во јавноста за овој настан, сите бараа најстрога казна за Бекир, повеќето од луѓето на социјалните мрежи се солидаризираа со полицајката, за да сабајлево таа лично да искочи пред камерите и пред Оливер Спасовски главниот човек на МВР и да каже дека тој Бекир не ја нападнал нејзе, и таа сама се удирла од Пајакот во знак на несмасност...
Па правдањата на Диме Спасов дека го бркале бандити низ град изгледаат пореални отколку ова. Приказната дека на Илија Димовски му подметнале личен шофер од Серава се повистинити од ова сабајлево што го кажа полицајката. Каде се сега главните жени што стојат под хаштагот #СегаКажувам да распалат по социјалните мрежи и да извршат притисок врз луѓето од ДУИ и министерот Спасовски? Каде се сите тие медиумски лица кои ликуваа и лееа крокодилски солзи под овој хаштаг пред месец дена? Каде се активист
КИТЕ да го кренат својот глас? Зошто никој од понежниот пол не се солидаризира со полицајкава?
Реално ќе кажам, а вие лутете се колкушто сакате.... ЖЕНИ ПОТФРЛИВТЕ. Паднавте на првиот тест, фактот што никој од вас не и чуе за женава докажува дека тој хаштаг во кои сите се собравте да се искажете служело само за тапшање по рамо. Сакавте преку ноќ да бидете IN со останатиот свет и направивте бледа копија на #MeToo, сите се пронајдовте во говорот на Опра, али на дело испаднавте никој и ништо.
Оваа полицајка нека ви биде лика и прилика што направивте последниов месец... обвинивте 1000 лица за сексуално малтретирање (што верувам дека поголемиот дел од нив биле вистински манијаци), али во пракса ништо не превземате.
Еве го лицето на #СегаКажувам #TaniTregoj , нека ви служи на чест.
Моја поддршка до полицајката, несакам ни да замислам какви притисоци претрпела овие два дена што од ДУИ, што од МВР само за да ја смени приказната.