Downton Abbey

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Прашав 2 пати до сега. Бидејќи телевизија не гледам воопшто, немам информација ама сепак заради моите, ме интересира кога ќе ја даваат серијава на Сител, некој да не видел најава или знае датум?
 
Прашав 2 пати до сега. Бидејќи телевизија не гледам воопшто, немам информација ама сепак заради моите, ме интересира кога ќе ја даваат серијава на Сител, некој да не видел најава или знае датум?
Незнам за Сител, ама јас и ги спуштив на мајка ми сите епизоди до сега на лаптопот, колку толку да ја откачам од турските серии :D
 
За разлика од претходните две сезони, кога едвај чекав да излезе епизода, ја спуштав и ја гледав со уживање ко гладен скитник кога ќе најде гризната осминка бурек со месо во контејнер, четвртата сезона некако ја подзаборавив. Конечно, дури вчера ги догледав сите епизоди, откако претходно во Downton Abbey маратон за само една недела репризирав се, од почеток до крај (прва сезона, па втора, па CS1, па трета, па CS2). Се уште мислам дека серијава ќе имаше одличен завршеток со завршувањето на третата сезона (осма епизода од трета сезона би била перфектно финале), јас не знам што воопшто им требаше да го прават вториот Christmas Special. Нејсе, и тој се случи, и ми направи во четвртата сезона да уживам за трошка помалце, иако морам да признаам, едвај го чекам 25ти декември, и третиот Christmas Special. Две работи морам да ги спомнам за четврта сезона:
1.Downton Abbey без Метју Кроули не е Downton Abbey! They killed him! :eek: Bastards! :place: (Тони Гилингам и тој од Владата не можат ни да му се доближат! #fact)
2.Сега веќе почнуваат сомнежите во невиноста на Џон Бејтс, дури и за смртта на жена му. :cautious:
Толку!
 
Прашав 2 пати до сега. Бидејќи телевизија не гледам воопшто, немам информација ама сепак заради моите, ме интересира кога ќе ја даваат серијава на Сител, некој да не видел најава или знае датум?
Да, синхронизирана следната година.
 
Имам впечаток дека Christmas Special 2013 епизодата ја направиле само зошто морале. Сосема ирелевантна и од вишок. Сепак, едвај ја чекам петтата сезона!
 
Само што ги изгледав сите 4 сезони од серијава. Човече што сум чекал до сега незнам. Колку добра серија тоа е нешто невозможно. Културна пред се, го нема тоа америчко пцуење што го има во скоро секој филм или серија, тука имаш елеганција и елеганција и елеганција. Глумата е извонредна, castingот на серијава е толку добро склопен што не се ни познава дека глумат луѓето.

Премногу ми се дооаѓа таа споредба што ја прават во серијава во скоро секој нејзин сегмент. Споредбата помеѓу слугата и аристократите, споредбата пред и после Првата Светска Војна, споредбата на англиската и американската култура за тоа време. Како луѓето се справувале со технологијата, имплементирањето на струјата, телефонот, грамофонот па и тостерот и машината за шиење. Едноставно прекрасна серија, те тера додека ја гледаш да земеш да се напиеш чај во порцеланска чаша. Башка што го има тој ефект, кога се си мислиш дека ќе се среди и е како што треба, од еднаш те мава од земја и ти покажува дека неможе да биде се така розево и убаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom