После прва сезона се мислев дали да ја продолжам, ама втора и дадов шанса, па ајде се навлеков некако.
Немам некој омилен лик, сите ми се онака. Мери ја имам гледано во други серии, филмови, секаде ми била океј, овде не знам што ми е проблемот, ич не ја можам во улогава. Ден Стивенс исто, баш ми беше мило што е во серијата, но и тој ми е млитав, а одличен актер е.
Историски гледано, сите многу понапредни и либерте од што очекував. Освен настаните што се одвиваат паралелно со нивната приказна и модата, другото не е многу точно ваљда.
Ќе ја продолжам секако, ме занима дали ќе ми се допадне повеќе понатака, сега сум при крај на втора сезона, но засега Аутлендер ми останува омилена историска драма.