Downton Abbey

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Hugh Boneville и Maggie Smith ја предводат актерската постава во неверојатната и повеќекратно наградуваната британска серија. Покрај многуте Еми, бројни други номинации и награди, серијата има добиено и Златен Глобус во категоријата - најдобра ТВ серија.
" Утринските сончеви зраци паѓаат на Downton Abbey, величествениот дворец насреде величествениот имот. Сигурно и цврсто,симболизира начин на живот кој мислиш ќе потрае уште илјада години. Но тоа е само привид. "

Downton Abbey е костумирана драмска серија на продукциската куќа ITV. Сценаристот и авторот на приказната е оскаровецот Julian Fellowes (Gosford Park), а серијата за ITV ја снимаше Carnival Films. Во насловните улоги се појавуват Maggie Smith како Виолет,грофицата од Grantham,Hugh Boneville како Роберт, грофот од Grantham и Elizabeth McGovern како неговата жена. Во останатите улоги се појавува кремот на британското актерство, како: Penelope Wilton, Dan Stevens, Michelle Dockery, Jim Carter, Phyllis Logan, Lesley Nicol, Siobhan Finneran, Rob James-Collier, Joanne Froggatt te nove glumačke nade: Rose Leslie, Sophie McChera, Laura Carmichael, Jessica Brown Findlay и Thomas Howes. Во серијата гостуваат од калибарот на Roberta Bathursta, Samanthe Bond, Allena Leecha, Davida Robba, Brendana Patricka и Thea Jamesa.


Дејствието на серијата се одвива во 1912 година и ги бележи животите на фамилијата Crawley и нивната послуга.

" Годината 1912 во Англија е година на превирање. Наизглед спокојната и закопана во вековите традиција ќе биде уништена од секој вид на сигурност ( шо од Првата светска војна, шо од џезот).Е тоа е тоа (тој пресврт) е она со кое се бавиме како гледачи во Downton Abbey. Домаќинството е препуштено во рацете на г.Carson (Jim Carter) и (како да ја наречам) куќната госпоѓа Hughes (Phyllis Logan). Сите тие, секој на свој начин мораат да се носат со надоѓачките промени."
Laura Mackie, уредникот на програмата на ITV: " Воодушевени сме,што успеавме да собереме толку сјајна актерска постава за Downton Abbey.Фактот дека успеавме да ги привлечеме (овде јас слободно можам да кажам) најдобрите британски актери доволно сведочи за квалитетното сценарио и продукцискиот тим.

Downton е имот во сопственост на фамилијата Crawley, кои живеат во салоните, библиотеката и прекрасните спални соби од чии прозори пука погледот кон паркот.Под нив се наоѓа еден друг свет: слугите. Она шо ме восхитува, шо и тие се држат до своите позиции и статуси, еднакво цврсто како и Crawley. На моменти си помислувам (а уствари и навистина држи муабетот) дека они се толку многу Crawley шо нема каде. Некои од нив се ептен одани и верни на начинот на живот во Downton, но меѓу нив постојат и такви кои постојано го истражуваат животот и бараат нови шанси и можности или само љубов или само авантура. Секако дека постои разлика меѓу нив и аристократите. Послугата знае се за нив, а вториве не знаат ама апсолутно ништо за светот под нивните нозе.


Серијата Downton Abbey е снимена во копродукција на Carnivala и Masterpiecea, а извршни продуценти се диркеторот на Carnivala Gareth Neame, Julian Fellowes i Rebecca Eaton (WGBH). Првата епизода од серијата е емитувана есента 2010 на ITV1. Продуценти на серијата се Liz Trubridge (From Time to Time,A Short Stay in Switzerland) и Nigel Marchant (Fanny Hill, The Philantropist), додека како режисер се потпишуваат Brian Percival (Gracie, A Boy Called Dad), Ben Bolt (Doktor Martin, Pepeo pepelu (Ashes to Ashes)) i Brian Kelly (Lilies, Torchwood).

За вовед во серијава ова ми се виде најсоодветно. Го преведов, го постирам. Ко ја гледа бујрум да се испробаме. Ловориките и овој пат одат на веќе култниот ни наш член Psyside. Неговата дефиниција за серијава ( па слободно ќе си земам за право да го цитирам) " Класична драма, али вреди. " Кој еднаш го послушал Psyside, знае дека нема да се покае ако го послуша и овој пат. И така искрен да бидам ја почнав скептично. Одсекат сум имал аверзија кон целата таа бритш аристократска бурлеска али ова е да се запрепастиш. Колку само рутина, педантерија, одмереност, галнтност, џентлменство, каприци,префинетост и нивна неверојатна артикулација во Downton Abbey. Или сето тоа само навидум...? Мене да ви кажам искрено ми се случи еден културолошки шок. Бритиш, in your face bich. Наредниот пост си ветив дека ќе ми биде анализа на ликовите колку да не биде воведов предолг. Очекувам дека барем ќе си најдам истомисленици? Аnybody...?
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Многу добро си ја обработил серијава. Не гледам драми, ама оваа според напишаново некако ме привлекува
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Форест Гамп, ти се придружувам. Ме фасцинира првата епизода. Почна вчера на ХРТ 1 да се дава. Во следните епизоди мислам дека повеќе ќе се развијат ликовите, затоа е малку рано да се зборува. Во првата епизода впечаток ми оставија слугите, од главниот батлер и домаќинка до малата зборлеста слугинка, Томас мислам се викаше тој што е педер и мислам дека опасен ќе биде понатаму, а ме чуди овој што куца. Ќе видиме што ќе биде со него понатаму. На крајот на епизода најверојанто се појави наследникот со мајка му/
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Одамна се мислам дали да ја симнам, ама сега ме убеди опширната препорака.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Фала ти за темата Форест Гамп, познат сум веќе по тоа што сум мрзелив со рецензиите и слично, па затоа обично само предлагам и опишувам во кратки црти. Сетоа она што ми се вртеше во глава си го доловил, браво момак! серијата е фантастична за мене пред се токму од оној аспект што се вика успешно доловување на историскиот период во кој што се одвива, екстремно добра задача тука завршиле режисерот/сценаристите па дури и од поглед на костимографија, може истото да се истакне....како се само облечени човек да завидува што не сме имале можност да живееме во тоа време т.е. пред нас да прошетаат прекрасните дами од тој период, колку само субтилен сексапил има во тие прекрасни долги фустани, и неверојатна елеганција! забегав малце али нема везе :D

Како и да е морам да спомнам дека и глумата е на доста високо ниво, поготово маестрален е Brendad Coyle во главната улога, човеков со својата харизма опвива, и никого не остава рамнодушен, колку само прикладен лик за улогата во серијата човек да неможе да поверува дека глуми, премногу се соживува со улогата, и мислам дека без размислување треба да биде номинирам за Emmy! Исто така и другите ликови во серијата се екстремно добро одбрани и нема ниту едно потфрлање, кастингот е на многу високо ниво.

Друго нема што да коментирам Форест Гамп одлично си ја завршил работата другар, подобро и да сака човек неможе да ја опише серијава, неможам да дочекам да дојде 3-сезона, за мене ова е најголемото изненадување за оваа година, без трошка размислување, совршен концепт и маестрална реализација!

П.С. Кога првпат ја видов, одма си помислив, ах 9-та оцена на IMDB, ама во тој период од историјата, па уште и Англиска си викам нема шанси да го гледам тоа! каква само шлаканица попив, се запрепастив, тој момент и двајацата изгледа сме го доживеале :D

Иначе и Анон го има тоа мислење/став хахa и сеуште не му се промени затоа што нејќе да се нафати да ја гледа заради истите прични поради кои јас и ти се воздржувавме, а знам дека и неколку други од форумов го мислат истото во моментов и ќе го мислат се додека не и дадат шанса :)
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Жанрот драма на крај памет не ставам да го погледнам освен ако не најдам некоја ваква добра рецензија на филмот, па се загледам потоа во него. Одлично си го напишал во кратки црти текот на серијава, а да не знаеш случајно од колку часот почнува на хрт1 ? :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Одамна се мислам дали да ја симнам, ама сега ме убеди опширната препорака.
Same here... одмана е у watchlist, сеа е ставена на редицата за download.... :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Јас не знам за вас али проклето многу успеа да ме насмее овие две сезони и едноставно ја обожавам...Гифот е врв :pos:

 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Секако дека у моите коментари можете ( чат пат ) да налетате на некој спојлер, па затоа внимателно. Да почнеме како шо е ред со првиот човек.


ROBERT, Гроф од GRANTHAM (Hugh Boneville)– живее живот без поголеми осцилации.Се чуствуваат уствари осцилации али највише у неговиот карактер. Немоќен, исфрустриран, бесен, на моменти смешен, дури некои коментари одат до таму да Роберт од втората сезона е само карикатура на Роберт од првата сезона, дека вулгаризацијата на неговиот лик го достигна својот врв во сцените со слугинката Jane , дури просто зачудувачки е како ја игнорира својата положба на татко во фамилијата дури и ги запоставува ( сцените кога апсолутно го заболе за чувствата на неговата ќерка и предничи во организирањето на свадбата на Метју и уште повеќе кога дознава за манипулативното контролирање и шпионирање на Mary од страна на Carlisle, не се ни обидува да пружи заштита или барем утеха). Ми се чини дека Роберт е лик кој најтешко ги совладува промените (политички, економски, социјални) а од друга страна пак лесно се носи со технологијата (воведува електрична енергија, телефон).Има еден битен момент ( да се навратам на неговата “ авантура ” со слугинката) гледам надалеку се фура по некои форуми дека станува збор за сексуално малтретирање од негова страна. Јас, едноставно не би се сложил. Тоа може да се види во последната сцена и солзите кај Jane ( значи се работи за взаемни чувства или во најмала рака взаемен интерес), а она што Robert чуствува срам е пред се ми се чини поради неговото (па ајде да го наречам) неџентлментско нафрлање и додворување. Ако више би барал некоја дефниција за него тогаш може да се каже дека е, по малку е аристократски сноб, али не дека и не знае да загриза (моментот со Вилијам и перото за кукавичлук кога безкомпромисно беше на негова страна, моментот кога се почувствува како кловн бидејќи додека он парадира у воена униформа, млади момци гинат на военото поле.) Како и да го посматраш мислам дека ликот на Роберт се движи од моќен, внимателен, човек кој ја има контролата ( или барем навидум) до несреќен, наивен,неуспешен,на моменти неразумно лут (бесен) човек (знае некогаш да и се избаци на Cora). Ајт доста му е за сеа.

P.s Сцената со пинг понг топчето ме насмеа и мислам дека ептен збори за неговиот карактер :)Ви текнува...?

После П.с Шо убо куче имa

 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Одлична серија. Вистинска класика, како сахер торта за душа. Кога би имало лектири за гледање, ова би било задолжително.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Конечно ја започнав и искрено не очекував до толку да ми се допадне. Серијата го има тоа чувство на „класика“, како да не е снимана пред една година. Одамна не сум гледал вакво нешто, ме потсеќа на времето кога како мал ќе фатев некоја добра драма на МТВ. Драма во правата смисла на зборот, смирена и приземна, а истовремено турбулентна. Друго што и да искоментирам би било излишно бидејќи се' си е убаво покриено на темава. Специјален поздрав до Форест Гамп, да не беше толку убаво направена препораката никогаш немаше да ја почнам серијава.

Едит: сега гледам дека уствари се' потекнува од Psyside, што значи, специјален респекат и за него. :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Колку за информација, а и колку да ја кренам темата од трета на прва страна, новата сезона започнува во недела. Едвај чекам.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Серијата е откупена во Македонија од страна на Сител ТВ. Кога ќе се емитува бог знае, само стои во најновиот newsletter на Сител за сезона 2012/13.

П.С со душа ја чекам новата сезона. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom