Можи да го хејтаме Капалди, ама факт е дека драстично се смени неговиот лик од претходните две. Овај не се соживува со човечкиот род колку Мет, не е импресиониран од земските работи, музики, филмови како Тенант, на моменти чак и го нервираат луѓето. Не се плаши да преземи лоши акции во корист на доброто и во овие 3 епизоди видовме повеќе директни убиства од Докторот него цели сезони претходни. Смешен е ненамерно, односно не се труди да прави смешки, не кажува смешки, туку смешниот момент се јавува кога го фаќа нервоза или е иритиран од другите. Stop laughing пример ко рече мене тогаш ми дојде смеа. Дури и малку да е хејтан е основано, пошто не сме навикнати на ваков лик, но мене лично многу ми се допадна. Во секој случај е повеќе alien-like него Тенант, кој иако ми е сеуште омилен доктор, на моменти забораваш дека не е човек. Нон-стоп правеше референци за британски филмови, бендови и општо култура од Земјата.