Doctor Who

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Ај нека ми кажи некој од кај да си почнам. Еднаш сметнав, не памтам точно од каде, со кукли нешто беше епизодата и не ме прими ко за почеток. А знам дека е страшилиште од серија. Нека пиши некој добар чоек, сезона таа и таа. Кисс муа, топ сте.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172

Убаво си почнал, од 2005 e reboot-от. Првата епизода е со куклите, со Christopher Eccleston, кој е doctor who само една сезона.
Од втора до 5та продолжува David Tennant кој според мене е најдобриот доктор, забава со нози.
После продолжува до 8ма Matt Smith, кој личи на емо вампир али е душа човек, со неколку епизоди одма легнува.

Е сега, правилно е од 2005, series 1 да почнеш. Многу почнуваат со Tennant, од втора сезона што и не е толку страшно.
Американците пак, кога доби на слава серијава, почнаа од 5та сезона, кога има good story writing, поврзани епизоди уз приказните, ефекти.. све.
И тоа не е ништо страшно, само сметам се испушта многу.
Мене не ми пречеше лошите ефекти на почеток, баш ретро ми беше со се интрото.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.604
Поени од реакции
13.302
Нема да ви делува на неверство кога Ривер ќе се бацува со новиов? :D
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
:pos::pos:
Морав да искоментирам, само шо ја догледав првата епизода, се умрев од смеење. Ми кажа wot дека е лошо, ама ова не го очекував.
Ама ќе продолжам ако ништо друго забавна е.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
:pos::pos:
Морав да искоментирам, само шо ја догледав првата епизода, се умрев од смеење. Ми кажа wot дека е лошо, ама ова не го очекував.
Ама ќе продолжам ако ништо друго забавна е.

Чекај до 7ма епизода од прва сезона. Тогаш ќе сфатиш што е всушност серијата.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
Чекај до 7ма епизода од прва сезона. Тогаш ќе сфатиш што е всушност серијата.

Уоки биинг д хипстер дет хи ис, знаев дека ќе му се допадне, иако е до толку хипстер што се вади демек ионака планирал да ја гледа.
Изненадување беше Божино, aма ете го, како нас, еден од поголемите фанови.

Овие двајца се whovians ради мене. :rolleyes: Девојка му на Божино успат користи од моите прекрасни предлози, а Воки за жал нема женска. :D
Значи Iceboy, верувај ми за ова, серијата има душа и на сите им е премногу при срце и никој не ја гледа ради реда. Познавајќи те, знам дека ќе станеш фан, ако го надминеш почетокот и не се откажеш. Значи мене ми е во топ5, од што ја обожавам иако знам има кадекаде поквалитетни. Од 5та станува повеќе 'меричка, и може повеќе тогаш да ти се допадне, иако Тенант останува за мене најдобриот доктор од новиве!

А најдобра сопатничка Pond > Donna > Rose > novava slatkusha > crnkinjata
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Нема везе, реков дека ќе ја гледам зашто ја напињаа на Reddit, само го прашав Столо дали е добра според него. Пичкамасонска лажлива!

Ама да, немам женска...:icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.604
Поени од реакции
13.302
Iceboy јас ја изгледав 1 епизода со Еклстоун и само слатко се изнасмеав, ја стопирав, ја избришав целата 1 сезона што сум ја симнал и ја баталив. Неколку месеци после тоа ја почнав 2 сезона со Тенант бидејќи така ми советуваа и ми се виде маааалку понесмешна. Како што гледав повеќе се повеќе бев mindblown. Значи ако ги издржиш почетните 1-2 сезони you're in for a ride, big time. Магистарот Mac)) до каде е со гледање?
Ми здосадија хипстерот Воки и indie wot за муабет.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.416
Поени од реакции
38.959
Питер Капалди , едноставно не ми се верува. Како можеа да направат таков избор? Англија е ова бре , ги имаат најдобрите глумци од цел свет , Даниел Редклиф , Руперт Гринт (башка докторот сака да биде џинџер) :) Том Фелтон и еден мал милион други , кај го најдоа овој баш?

Почнав серијата да ја гледам од 2005 со Кристофер Еклестон и за месец дена ги поминав сите 7-8 сезони колку беа , и со душа ја чекам 50 годишницата во ноември и кам бекот на Тенант. Инаку прашањето ми беше , дали има некој што ги одгледал сите сезони од самиот почеток , уште од почетокот на шоуто во 1963 година?

Ова е MUST SEE за сите хардкор фанови , според мене најдобриот доктор и најдобрата придружба , погледнете какво сценарио одиграа во сосема друго шоу. :)

http://www.youtube.com/watch?v=WxB1gB6K-2A
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.604
Поени од реакции
13.302
^ Питер Капалди е подокажан од сите горенаведени актери, и редно беше постар ебаго, како што тргнаа со Тенант и Смит следен требаше тинејџер да биди. Таман си е Питер age-wise и докажаност-wise. Како ќе се вклопи, ќе видиме.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Питер Капалди , едноставно не ми се верува. Како можеа да направат таков избор? Англија е ова бре , ги имаат најдобрите глумци од цел свет , Даниел Редклиф , Руперт Гринт (башка докторот сака да биде џинџер) :) Том Фелтон и еден мал милион други , кај го најдоа овој баш?

Не ја сфаќаш баш поентата а? Фората е да не се бира познат актер, за да може да не се поврзува со поранешни улоги. Пример, да го изберат Даниел Редклиф - сите ќе го зборат како Хари Потер, и ретко кој ќе го гледа како Докторот. Исто и со Гринт и Фелтон. Плус овие актери не можеш да ги обврзеш да се посветат на серијата 3 години, зашто сигурно ќе сакаат да снимаат и големи филмови.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Iceboy јас ја изгледав 1 епизода со Еклстоун и само слатко се изнасмеав, ја стопирав, ја избришав целата 1 сезона што сум ја симнал и ја баталив. Неколку месеци после тоа ја почнав 2 сезона со Тенант бидејќи така ми советуваа и ми се виде маааалку понесмешна. Како што гледав повеќе се повеќе бев mindblown. Значи ако ги издржиш почетните 1-2 сезони you're in for a ride, big time. Магистарот Mac)) до каде е со гледање?
Ми здосадија хипстерот Воки и indie wot за муабет.

До никаде, имам a lot of work, а кога имам a lot of work не почињам нови серии. Си ги изглеав од почеток entourage и the office, сеа веројатно со chuck или burn notice ќе продолжам.
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Дечицо прва сезона ми е изгледана, втор знам дека ја почнав, а не знам дали ја изгледав цела... затоа од почеток ќе ја почнам.
Него да ве прашам има специјална епизода од прва сезона? Да знам да ја барам пред да ја почнам со гледање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom