
ftopic: Следново, не е поврзано со дрогата, ама сосема кореспондира на насловот ,,Што се случува со нашата младина?"...
23.08.2009 14:30
Тетово
Трагите од крв на тротоарот и денес ги потсетуваа тетовци на крвавата слика од синоќа, кога во центарот на градот, по убод од нож до смрт искварило 14 годишно дете.
Смртната повреда му ја нанело момче една година постаро од него.
Според полицијата, настанот се случил нешто по 20 часот на централниот булевар „Илирија“, пред хотелот „Македонија“.
Се започнало претходниот ден, кога момчињата поради меѓусебната нетрпеливост се степале, но никој не бил повреден.
Едното од нив решило да довршат синоќа кога се сретнале, 15 годишниот убиец со двајца свои другари и сега починатото 14 годишно момче со еден свој познаник.
По расправијата избувнала и тепачка, повредата во близина на десната препона била фатална. Трите момчиња избегале, но биле уапсени уште вечерта.
Повредениот со такси возило бил пренесено во Тетовската клиничка болница. Докторите решиле да го пратат на скопска клиника, но било доцна. Поради обилното крварење момчето веќе починало. Неговото тело е предадено на обдукција.
Се уште се одлучува дали на младиот убиец, кој според видот на повредата знаел точно како да го употреби ножот, ќе му се суди по редовна процедура или ќе се примени побрза постапка.
Каква може да биде причината млади момчиња толку насилно да се однесуваат и кои се мотивите да се убие на таа возраст се уште се истражува.