Кога некој помал ќе изеде ќотек од поголем ќе научи добра лекција.Лекциите што ќе му ги дрват дома ќе ги заборави после првото излегување.
Гледам аир видовме од тоа што ги учиме децата да не се клецаат на дванаес,да не пијат од десет години а да не пушат од седум.
Кога ќе заврши во болница со никотинско труење/предозираност/пијанство ќе размисли како сака да му тече животот и дали сака место во
фирма да заврши на улица/затвор/гроб.
Ако одлучи да биде пропалица негов проблем.
А моралните вредности баш и не мора да им ги трубите на глава пошо не живееме во бронзено доба,у градинка ги учат децата на морални вредности.
Тоа што вие сакате е да вашето дете не изгради свој идентитет и да е роб на денешницата исто како сите други.
--- надополнето ---
Деца од основно училиште имаат искуство со дрога а не па 22 годишни магариња.
Не реков дека треба да се тепаат децата за да изградат карактер -.-
Треба да се воспитаат на правилен начин, а не да го искршиш од ќотек ти детето свое. Ништо нема да научи од тоа.
Треба да ја скужи лекцијата што ќе му ја раскажеш и да ја примени во животот негов. Ама не со ќотек.
Мене во градинка не ме научија дека повеќе треба да ги почитувам моите дома и дека треба они да ми бидат најдобри другари и на нив да им се отварам за билошто и дека они ќе ми дадат правилен совет, за билошто, и дека што и да направам, треба они да знаат за тоа. Не ме научија дека кој и да е од страна, не ми мисли толку добро како што ми мислат они. Баш им е гајле на тие во градинка.
Се кладам дека ниедно дете на денешницава кога почнало да пуши цигари (банален пример зимам) не им кажало на неговите дома.
Тоа е проблемот. Односот родител <--> дете.
Нашиве „родители“ се тие што не обрнуваат никакво внимание на нас и појма немаат што се дешава кога ќе искочиме од дома. Да беше правилен тој однос родител - дете и детето да имаше почит кон своите дома, не е дека ќе ја заборави лекцијата од дома при првото излегување.
А ти викаш „Нека проба на своја кожа, па после ќе видиме дали ќе прави така...“ Би го осудил своето дете на ваква пропаст?
Мора да испроба, да се изгори, па после да игради карактер, а? Ќерка ти на 12 години да спие со некој, син ти на 7 да почне да пуши (земам примери, немој да се навредиш)???
Може да се изгради карактер и без да се изгори. Со помош на родителите.
Ретки се оние деца кои немале коректен однос со нивните дома, а пак се цврсти карактери. Ретки.
Тие деца од основно што имаат контакти со дилери на марихуана и таблети се деца кои не им е обрнато доволно внимание од нивните дома. И верувам дека таа граница ќе се спушта се подолу и подолу, со оглед на тоа што вниманието на родителите кон децата нема да се смени, а дрогите ќе станат се пораспространети.
А башка што, мислењето ми беше конкретно за типот што демек починал од предозираност до трамадол, децата од основно немаат никаква врска со неговиот случај.