До кај отиде младинава? :(

  • Креатор на темата Креатор на темата Marjan-MiKi
  • Време на започнување Време на започнување
тоа не значи дека манијаци ќе станат ,стануваат манијаци од недостаток на секс и немање кој да ги насочи да им каже што е што

:pos2: така е!

Нема кој да ги насочи...рол-модели се политичарите,народњаците и шпанските серии...

И покрај тоа младината не е до толку забегана колку што медиумите трубат за тоа...и секоја глупост се снима со мобилен и завршува на интернет.
 
љубави јас на 10 години глеав порно нема тоа веза
тој збор го знаат и деца на претшколска возраст
Не знам каде ти си растела....
На 6 години првото пијанство го имав, ме опијанија чичковците со една чаша вино, па жив сум.
Инаку предозирање со тромадоли трагична работа, лошо нешто познавам едни дечки многи ги сакаат тие апчиња и на секое туку ми продаваат или акумулатор или радио за во кола.
 
"Втора жртва на дрога за четири дена во Велес"

Ма ај нека се гонат овие медиумиве. Јас ако се боцнам со игла и потоа паднам под кола дали сум умрел од боцнувањето игла?
Дека медиумите претеруваат тоа е факт ама во случајов насловот си е на место.И двајцата си беа познати у градот како впрочем и сите кои се навлезени во таа работа и сега да не ја ширам многу и да трачарам по форумов ама причина е дрогата.
Инаку младината отиде у ......
Барем поголемиот дел,се изгубени основните вредности,чија е вината не може да се каже ама очигледно демократијава не ни оди баш....
 
Па што ? Се дрогирал и умрел!
глупости, ке земе дрога да се направи фраер пред другарите потоа со години ке се мачи и пред време ке умре,незнам кој им е к**ац.
 
:oftopic: Следново, не е поврзано со дрогата, ама сосема кореспондира на насловот ,,Што се случува со нашата младина?"...
23.08.2009 14:30
tetovo-08.jpg
Тетово
Трагите од крв на тротоарот и денес ги потсетуваа тетовци на крвавата слика од синоќа, кога во центарот на градот, по убод од нож до смрт искварило 14 годишно дете.
Смртната повреда му ја нанело момче една година постаро од него.
Според полицијата, настанот се случил нешто по 20 часот на централниот булевар „Илирија“, пред хотелот „Македонија“.
Се започнало претходниот ден, кога момчињата поради меѓусебната нетрпеливост се степале, но никој не бил повреден.
Едното од нив решило да довршат синоќа кога се сретнале, 15 годишниот убиец со двајца свои другари и сега починатото 14 годишно момче со еден свој познаник.
По расправијата избувнала и тепачка, повредата во близина на десната препона била фатална. Трите момчиња избегале, но биле уапсени уште вечерта.
Повредениот со такси возило бил пренесено во Тетовската клиничка болница. Докторите решиле да го пратат на скопска клиника, но било доцна. Поради обилното крварење момчето веќе починало. Неговото тело е предадено на обдукција.
Се уште се одлучува дали на младиот убиец, кој според видот на повредата знаел точно како да го употреби ножот, ќе му се суди по редовна процедура или ќе се примени побрза постапка.
Каква може да биде причината млади момчиња толку насилно да се однесуваат и кои се мотивите да се убие на таа возраст се уште се истражува.
 
Новинарка е во право. Темава не ја гледајте само како проблем со дрогата. Гледајте ја општо како проблемите со кои се соочува младината денес.
Жално е што толку сурово згаснал животот на едно младо момче. Не сакам ни да помислам колку е глупава причината поради која бил употребен ножот. На таа возраст ниту еден проблем не е толку сериозен за да не може да се реши со разговор.
Но што да се прави. Културата и воспитувањето од дома, влијанието на насилството од глобални рамки оставаат траги на децата. А децата се иднина на еден народ. Каков народ ли ќе бидеме за неколку години ако овој социолошки проблем не се реши на време?:toe:
 
Бреее удавивте со Слаткар. Не ми го спомнувајте во теми во кои се збори за тешки социолошко-психолошки проблеми. Има тема во музика и таму дискутирајте за неговата вредност.:star:
 
Од оваа наша младина не бидува ништо, ептен тргнала по лош пат а тоа е затоа што немаат работа, по цел ден гледаат некои глупави филмови и сакаат да ги глумат мафијашите од тие филмови, се социјализираат со сељаци како оној Кристијан Голубович, последно прочитано нешто им е некој порно весник а книга читале кога биле прво одделение, последен пат кога се опиле било синоќа, последен пат кога се капеле било во Сабота, последен пат кога земале доза било пред 10-ина минути...
Џабе везам, ние пишуваме а младината пак си го тера по свое, денес на луѓето полесно им влегува в газ од колку в глава! :kesa:
 
Во продолжение на Атомант, го надоврзувам и ова и му се поклонувам на типов:
 
Транзицијата си го зема данокот.
Данокот се зима од нашите џебови, проблемот е што друг вид на данок се нашите ќерки, синови, внуци, роднини...
 
Медиумите може да се позанимаваат и со дневните слободни/несанкционирани дрогирања на децата околу зелен пазар. И медиумите и полицијата. И тоа на улица позната по приватно и државно обезбедување. Но, побомбастично е ако се даде информација од нечија смрт или ако за истата портпаролот на соодветното министерство даде инфо на тв...
Нели имаше некој кажано -подобро да се спречи отколку...

Но ако макар и еднаш полицијата интервенира... во паркот на пример, веднаш се обвинува за лош однос кон децата, задни намери, зошто ремет...

Што знам, противречни сме.
 
Младината ни е тупа, факт е. Но споредено со "прекрасниот" запад сме гола вода.
Таму да видете што прави младината...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom