Што знам до кај отиде младината, од каде да почнам ?
Сега сваќам дека јас, како родител еден ден ќе неможам да ги разберам моите деца, исто како и моите родители кои неможеа да не разберат мене.
Направете паралела.
Во мое време немаше многу компјутери и интернет, игравме на PS1 и тоа детски игри или спорт.
Кој имаше компјутер, интернет а подоцна мобилен јете да беше еден од фаците но вистинските фаци беа оние на кои добро им одеше со спортот.
Фудбал...
Се собиравме по 30 минимум, изнајмувавме сала во едно средно училиште - секоја сабота од 9 до 12 часот.
Дававме по 40 денари, за да играме фудбал внатре.
Три саати не ни беа доволни па нашата детска итрина, палавост и дрскост ни доаѓаа до израс: имаше еден саат во салата, пред кабинетот па често ги враќавме стрелките назад ако ни се играше уште, а тој служителот/чуварот кој беше одговорен паѓаше на истата финта on and on and on, бидејќи беше голем љубимац на жолта
Замислете си, се организиравме и на една полјана направивме наше игралиште со ако може да речам semi - pro стативи од греди кои ги украдовме од куќите во соседството кое моментално се градеа.
За кошарка да не зборувам...
Толку многу игравме што еден родител фати врски и ни ставија и рефлектор да играме навечер.
А кога сме кај ноќните активности Комити и Џандари беше хит !
Се играше по цела вечер на незнам ти колку километри територија.
Колку што ми служи меморијата една рунда можеше да трае со денови (ноќи - бидејќи игравме само навечер).
Имавме според мене, т.з. маалски, колективни миленичиња - најчесто кучиња.
Ги здомувавме и одгледувавме уште од мали, им дававме имиња и најчесто кој ќе беше кумот тој беше најодговорен за маалското милениче

Се сеќавам кога згриживме еден голуб, не се сеќавам на името но кога ни умре беше вистинска трагедија, та дури децата од цело маало се собравме и му направивме погреб
Си имавме свое место, сите маали си имаа.
Тоа беше како детско катче што го викаат оние вампирите хехе, кога и да појдеше таму секогаш имаше некој !
Најчесто тие катчиња беа куќи во изградба - дали седевме на скали или бевме внатре.
Обавезно имавме колиба на дрво, на големо дрво во природа - живеам на некогашна периферија од градот, каде има многу ридови, полјани, шуми...
Како луди шетавме низ природата, истражувавме, бевме во походи - крадевме овошје

, игравме игри и обавезно летавме змејови (фартуни по нашки

).
Колку змејови имам направено немате појма

А бога ми имам и бајаги фатено хахахахахаха (доживљај беше да фатиш туѓ змеј, посебно оној од "непријателското" маало) !
Кога сме веќе по истражувањето, обожававме да влегуваме по скривници; дали тие што беа во зградите или како посебни објекти не е битно, битно е што имаше еден вид на натпревар во кој се натпреваруваме кој имал повеќе муда.
Ги ишетавме сите во градот, па почнавме да одиме и вон градот а јас мислам дека така ја добив желбата за мојата професија за археолог - го баравме тајните тунели кои наводно воделе до главната тврдина...
Како и да е заебанции тешки имаше хаха...
А кога сме веќе кај заебанциите, мораше да имаме по еден маалски кловн т.е. обично постар граѓанин кого го заебававме нон стоп; дали ќе му викавме по надимак (обично грд, смислен од нас) или ќе му правевме разни штосеви - pranks (шчо виќет америте) итн. итн. со цел да не гони.
Интересно ни беше...
Недај боже да ви зборувам за зима... тоа беше сосема друга сторија...
Овие мои сеќавања ви ги представувам за да се сетите и вие и да видиме каква е денешната ситуација кај нашата младина.
Знам дека го нема тоа веќе, ја нема детската љубопитност, итрина, лудост пакост...
Го нема тоа чуство за припадност кон нешто, немаат некои си цели и хуманост.
На еден начин немаат детство !
Затоа таму (ќе) ни отиде младинава.
Пред PC и санаториуи...