Limbo
maybe an alien
- Член од
- 26 декември 2007
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.471
Супер, значи 8ма најверојатно нема да биде последна сезона. Нека продолжат додека Декстер го убие цело Мајами метро полис додека се чудат тие кој може да биде најдобриот сериски убиец у историјата. Или пак може уште 3-4 сезони да продолжат и во секоја од нив да уфрлаат по некоја секси плавуша и Декстер ќе се мисли за љубовта, како се чуствува покрај неа и колку поубаво се чуствува кога е сфатен од некого сличен на него. Па после можат да ја прекинат серијата и да почне нова серија - Дебра, која после доживената траума од убиството на Декстер во престрелката со украинската мафија во WC во аеродромот во Киев, ќе ја продолжи мисијата на неговиот брат и ќе убива луѓе по неговиот кодекс и ќе прикрива докази у станица. Мајкл Си Хол ќе може да си продолжи да глуми како сенка со која ќе збори Дебра у слободно време и ќе ја потсетува на правилата на моменти, а оваа на моменти ќе ги прекршува да биде поинтересно. Па после може истото да му го пренесе на Харисон. Или може Лост - сценарио... овие цело време биле сите умрени, а ова е кошмар на Декстер како дете откако ја убиваат мајка му. Или е Декстер шизофреник во лудница и цел филм е негова имагинација. Или пак Декс случајно анализирајќи ја неговата ДНК дознава дека е од друга планета и станува свесен за неговите супер моќи. Како тргнале сценаристиве искрено нишо не ме чуди.


