Dexter

Не сум прочитал ништо овде досега, директно скокам овде...Ја завршив прва сезона, good one (y) Сега ќе ја гледам Ѕ02Е03, очекувам натаму да е уште подобра, никогаш досега не ми била толку интересна темата “убиства“. Ја зедов оваа да ја гледам сега за сметка на Фринџ, се надевам не згрешив :D
 
Ја на пример ќе умрам дур да почне сеа идната сезона да излага. Каков крај направија на последнава. Oh God.
 
EXCITING NEWS: Dexter will return for an eighth season on Sunday, June 30th at 9PM ET/PT, immediately followed by the series premiere of Ray Donovan at 10PM ET/PT.
 
Ама многу малку сум некако excited за news-ов... 1 час порано од Breaking Bad, најверојатно од страв да не ја повлече публиката во САД.
 
Ќе се гледа и она Реј Донован. Чим пишуе дека прави Dirty Work за некои од „Дечките“ од ЛА, ваљда ќе биде нешто Криминалистичко у најмала рака.
Таман сакав да ги стаам Ексајтингстичките Њус, ама некој ме претркал.:icon_lol:

Како и да е, порано ќе бидне серијава, нема да се чека толку.
3 месеци порано од претходната, или најрана сезона до сеа колку што знам.
 
Конечно се решив да ја изгледам 7мата и.... ептен забегале сценаристите :facepalm: Она со the dark passanger, ритуалите, трофеите и дијалозите со татко му е више толку патетично што немам зборови. Дупките во сценариото се флагрантни, убивањето на Декстер кај и кого ќе му текне - сред бел ден на аеродром, во парк, на тренинг за пукање... пречесто се дешава да провали кај ќе му текне и да си добие докази и информации од кај сака затоа што декстер може да ја отвори било која врата и било кој компјутер, дознава се пред другите зошто има маестрална интуиција aka lizard brain :confused: Декстер испаѓа 10 пати подобар детектив од сите детективи заедно. Непотребните ликови и сцени, ајде Масука настрана да го ставиме, ама татко му, сетоа тоа со Квин и танчерката која немаше никаква улога. Туку така исчезнуваат докази од станица, Деб и текнува била заљубена во Декстер. Актерот што го глумеше Сирко одглуми одлично, ама откако прво беше решен да го убие Декстер, покрај што е ладнокрвен убиец испадна геј и најголем емотивец што сака да го одмазди неговиот љубовник и му одржува лекција за љубовта на Декстер, му прогледува низ прсти неколку пати па го најмува за да ги убие неговите атентатори, онака одеднаш заборава на одмаздата и побитно му било да сфати зошто Декстер убива и речиси испаѓаат најголеми другари, уште да му ја исполни неговата последна желба кога ќе умре... мислам what the fuck :eek: Хана беше :love: ама истиот лик веќе по третпат само различна глумица.

И само мене ли Џејми дадилката ми е онака ептен hot? :love: Како може Декстер воопшто да не ја забележува :eek: добро... тоа е најмалиот проблем со серијава :icon_lol:
 
И јас ја изгледав 7ма и да бидам искрен дека ми е ОК. И покрај постоечките плуканици на темава( кои искрено не ги зедов здраво за готово, дури сам не видам и оценам) ми остави добар/задоволителен впечаток. Дупки има да, но гајле ми е, онака фино за гледање ми поминаа тие 12 епизоди кои горе долу имаа своја различност по тоа што не станува збор сега за типично рс рс колење во секоја епизода, туку има нешто поразлично, поинакво(за некои ете досадно како што оцениле) за мене интересно во секој случај. Дури имало и моменти на кои ме фаќало смеа, што претходно многу ретко ми се случувало дури ги гледав епизодите од минатите сезони. Се на се, ако на IMDB е оценета севкупно како 9.1, оваа сеозона ја рангирам некаде од 8.2 до 8.5, како што кажав задоволително.
 
Се на се, ако на IMDB е оценета севкупно како 9.1, оваа сеозона ја рангирам некаде од 8.2 до 8.5, како што кажав задоволително.
Како го измери ова со децималиве жити се ? Мене оваа сезона ме потикна да ја ревидирам мојата првична оцена 9 што ја имав за Декстер на 7ка. Што се однесува до наредната сезона ќе ја гледам само бидејќи е последна и колку да видам како ке заврши бидејќи сум изгледал до сега толку многу. Може и да ја скратат на 2-3 финални епизоди искрено сеедно ми е!
 
Како го измери ова со децималиве жити се ? Мене оваа сезона ме потикна да ја ревидирам мојата првична оцена 9 што ја имав за Декстер на 7ка. Што се однесува до наредната сезона ќе ја гледам само бидејќи е последна и колку да видам како ке заврши бидејќи сум изгледал до сега толку многу. Може и да ја скратат на 2-3 финални епизоди искрено сеедно ми е!
По мое реков, зборувам за мене, не за ваc :) (пошто нели јас ја оценувам за мене, не за вас).
п.с така лесно ревидираш оценки, во случајов севкупно мислење за цела серија?
 
По мое реков, зборувам за мене, не за ваc :) (пошто нели јас ја оценувам за мене, не за вас).
п.с така лесно ревидираш оценки, во случајов севкупно мислење за цела серија?
Не, ама толку многу забегаа со Декстер што и 7ка е на стара слава. Прашањето ми беше не зошто туку како ја измери баш помеѓу 8.2 - 8.5 :)
 
Не, ама толку многу забегаа со Декстер што и 7ка е на стара слава. Прашањето ми беше не зошто туку како ја измери баш помеѓу 8.2 - 8.5 :)
Онака мерење споед вкус и задоволување :) , симпатични бројчиња се 8.2, 8.5 :P Има повеќе драма елементи, нз што очекувавте вие :D Да се појават како на Game of thrones тие батките од подземјето на крај. Таа е серијата, си има една матрица и се врти околу истата горе долу со наводно различна но слична приказна. Креативноста се сеќава дека опаѓа уште одамна , но и со опадната мене ми е симпатична како таква
 
Најверојатно ова нема да е последна сезона. Секаде ја најавуваат како следна сезона, а не како последна. Никаде официјално не излезе дека ова ќе биде последната сезона, се беа тоа шпекулации. Кога најавија дека новата сезона ќе започне во јули, директорот на Шоутајм, на прашање од новинар дали е ова последната сезона, одговори дека не сака да збори на таа тема уште сега, но сигурен е дека еден ден ќе треба да се стави крај на серијата.

На фан страната се бунат луѓе што почнале да гледаат од сезона 5 и за нив Декстер е нешто најсовршено, а појма немаат што било предходно. Не знаат која е Рита, ниту дека Декстер имал брат, ниту па Доукс кој е... И тие луѓе не сакаат да се стави крај на Декстер. Сакаат приказната да оди во недоглед. Не е ни чудно што рејтингот на серијата сеуште држи иако приказната е целосно падната во вода. Публиката си го прави своето, и ќе се снимаат нови сезони се додека има кој да гледа.

Ние што сакаме да се стави крај на серијата не го сакаме тоа од причина што ни е тапа Декстер, туку од причина што сакаме да ја запамтиме оваа серија како комплетно добро остварена, со одлично реализирани ликови, без дупки во приказната и на некој начин... реална. За тоа не се потребни 10-20 сезони. Доволно беа 5 сезони, 6 преку сила. Смртта на Рита беше врвниот момент кој за жал не го надминаа ниту моментот кога Дебра дозна за Декстер, ниту кога Дебра ја уби ЛаГуерта.

Се надевам дека Шарлот нема да добие некоја епизодна улога без никаква поента како што гледавме во последнава сезона...
 
лол кое задоволство е да го гледаш Декстер од петта сезона а пред тоа да немаш ништо гледано?:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom