Таквите како него да бидат повнимателни со жените?
Што зборуваш? Сеуште имате искуства вие жените со мажи кои не се доволно внимателни и посветени кон вас, жените? Како ги наоѓате? Како на такви мажи им давате пристап до вашата тврдина?
Убијте ги таквите мажи со игнорирање и тие самите ќе исчезнат. И нормално, поправете си го критериумот какви мажи барате да ви ги задоволат вашите празнини(на духот, па и на телото).
И јас не работам со тоа: МОЖЕБИ. Таа мисла дава премногу простор за да бидеме во грешка.
Водењето љубов реков дека е уметност, исто како и животот. Овде зборуваме за сексот, а не за тоа дали ако е искусен или не каков би бил и дали тебе би ти се допаднал. Ако бараш само внимание, нема врска искуството и сексот.
За секоја жена или маж постои соодветен „уметник“ (па и уметници, зависи некои сакаат повеќе партнери одеднаш) кој тој/таа ќе му ги обожува делата! А овој момчак, штета што нема пракса во оваа древна уметност а веќе е 30 години.
Може да е совршен за тебе по тоа како тој е начитан, интелегентен, внимателен, ќе те држи за рака... Но за некоја друга, може да е само еден бедник кој си ја надополнил празнината од сексуална активност со читање книги и слатки зборови... Чиста човечка особина, не дозволуваме да имаме празнини.
Така да, за секој човек, друг човек може да биде Се! Зависи...
И да:
Сексот не е се во Животот, како и храната;
но, се додека луѓето не ги задоволат овие природни гладови, бескорисно е да се очекува од нив да мислат на други работи!