Ги изгледав двете сезони за десетина дена. Првата сезона ми беше доста добра, налик на Твин Пикс мистерија со тајм травел. Втората сезона се посвети целосно на тајм травел и веќе нема поента да се бара логика во она нешто.
Е сега, од трилер мистерија (што ми го зема вниманието) се претвори во малку сај фај малку љубовна приказна, па после премина целосно во сај фај, за буквално последната сцена да отвори ново поглавје односно нов жанр според мене и само што го спомнаа паралелниот универзум, станав скептик дека ова ќе заврши како што треба... Третата сезона (читав дека ќе биде последна, не знам) или ќе биде ремек дело или тотално фијаско, не може да има средина, ова ќе биде love or hate до самиот крај.
Инаку тотално ја препорачувам, уживав во неа а немам баш време за серии. Супер изработена серија, со сите нишани. Кој го правел кастингот треба да му се даде 13та плата.